• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Portfolio
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Белград – мост помеѓу Истокот и Западот

октомври 16th, 2021 Колумна коментари 362

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Белград – мост помеѓу Истокот и Западот
loading...

Распослан на бреговите на двете моќни реки Дунав и Сава се наоѓа Белград, центарот на Балканскиот полуостров и на бивша Југославија. На местото каде што Сава се влева во Дунав се издига моќната средновековна тврдина Калемегдан која што му дава посебна убавина и шмек на Белград. Во близина е и познатата улица Књаз Мијахлова низ која што постојано тече енергија и живот, како и Скадарлија – улицата на кафаните, а над Белград се надвиснува Авала. Белград повторно е мост помеѓу Истокот и Западот, и деновиве Белград и Србија добиваат на дипломатска и на геополитичка тежина како и за времето на Југославија.

Балканот во периодов беше центарот на светот, поради самитот на „Движењето на неврзаните“ кој што се оддржа во Белград. Белград, како и во 1961 година во времето на Југославија и Тито, повторно блесна во сиот свој сјај и деновиве е центар на светската јавност. На 11-ти и 12-ти октомври во Белград се одржа самитот на „Движењето на неврзаните“. Србија како наследник на Југославија го поддржува континуитетот на надворешната политика на Југославија. Македонија иако беше дел од Југославија, не беше присутна на самитот, и тоа е огромна грешка. Водењето на едновекторска надворешна политика и носи штета на Македонија на долги стази. Македонија можеше со учество како набљудувач на самитот да стекне нови пријателства, да ги зајакне постојните, како и да отвори нови пазари за нашата економија. Но за жал Македонија нема реална и самостојна надворешна политика. Македонија истовремено е толку блиску, а толку далеко, кога во прашање се такви настани, нивна организација, или учество на истите. За разлика од Македонија, Србија се води од девизата „Не е важно дали мачката е црна или бела, важно е да лови глувци“.

„Движење на неврзаните“

Србија и Азербејџан беа заеднички организатори на самитот на „Движењето на неврзаните“, кој што беше најголем таков самит оддржан во 2021 година.  Во Белград присутни беа државници и високи владини делегации од 105 држави, 40 министри за надворешни работи, девет меѓународни организации, вкупно повеќе од 600 делегации, и за нивната безбедност се грижат повеќе од 3 000 полицајци, војници и припадници на безбедносните служби. Гостите на аеродромот Никола Тесла беа пречекани од страна на министрите за надворешни работи на Србија и Азербејџан, Никола Селаковиќ и Џејхун Бајрамов. Почесни гости и звезди на самитот беа рускиот и турскиот Министер за надворешни работи, кои што одржаа говори на самитот. Официјално обраќање на самитот имаа претседателите на Србија Александар Вучиќ и на Азербејџан, Илхам Алиев.

„Драги пријатели, добре дојдовте дома. Белград бил и ќе биде добар домаќин на секое човечко битие кое ја носи пораката на мирот. Белград секогаш бил точка на спојување на Исток и Запад. Многу сум радосен поради тоа што и денеска сме домаќини на еден таков самит. Не би требало да ја заборавиме главната улога што Движењето на неврзаните ја одигра во зачувувањето на мирот во светот. Покрај сите подеми и падови, историјата на Движењето на неврзаните е успешна приказна. Правото да се одлучи за сопствената судбина не е грев, туку право кое мора да им припаѓа на сите, без оглед на силата, богатството и моќта што ја имаат. Србија никогаш нема да го сврти грбот на пријателите[1]“ – изјави Вучиќ во воведното обраќање.

Алиев имаше онлајн обраќање, ги поздрави присутните гости и им посака успешна работа. При тоа Алиев изјави „„За жал, двојните стандарди поврзани со нормите на меѓународното право и одлуките на меѓународните организации, употребата на селективен пристап негативно влијае на фер решавање на конфликтите во светот. Во текот на изминатите 30 години, Азербејџан исто така претрпе таков селективен пристап “.

Бидејќи пред неколку години Србија разбра дека во блиска иднина нема да се приклучи кон Европската унија, Србија пристапи кон водење на повеќе векторска надворешна, економска и одбранбена политика, како и во времето на Југославија. Србија пристапи кон обновување на старите врски и контакти со државите членки на „Движењето на неврзаните“.  Уште во 2007 година Србија објави воена неутралност, односно дека нема да се прикличи ниту кон еден воен сојуз во светот. Како резултат на тоа, Србија денес е мека за странски инвестиции и од Кина, Русија, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, но и од Германија, Франција, Австрија, Италија и САД. Како резулат на тоа, во кризната 2020 година, Србија имаше повеќе од 3 милијарди долари странски инвестиции, и српскиот БДП имаше најмал пад во Европа. Во последните 5 години Србија има околу 15 милијарди директни странски инвестиции, што е импресивно. Србија својата одбранбена политика ја заснова на својата одбранбена индустрија, но и на купување на оружје и поддршка од Русија, Кина и Франција. Во последните неколку години српската воена индустрија воскресна, и Србија извезе оружје и воена опрема за повеќе од три милијарди долари. На надворешен план, најважно за Србија е да ја спречи признавањето на независноста на Косово од меѓународните институции, и да го блокира влегувањето на Косово во Обединетите Нации. За таа цел, Србија се потпира на помошта на руската и кинеската надворешна политика.

„Движењето на неврзаните“, чии што основачи беа Југославија, Египет и Индија, првта конференција ја одржа во Југославија во септември 1961, и на неа учествуваа 25 земји. Тоа беше проект на претседателите на Египет, Индија и Југославија,  Насер, Нехру и Тито. Конференциите потоа се одржуваа на секои три години во различни држави и движењето денес брои 120 членки и 17 држави-набљудувачи, и во државите-набљудувачи денес се Србија, Кина, Бразил и Русија. „Движењето на неврзаните“ е најголемата група држави по Обединетите нации кое што се појави во екот на Студената војна како противтежа на спротивставените блокови предводени од САД и Советскиот Сојуз.

За организација на таков голем самит, посебно во време на светска епидемија, е потребна беспрекорна логистика и организација. А Србија покажа дека може и дека е достојна да организира настани од светски карактер. Самитот е одлична реклама и маркетинг на Белград и на Србија и ќе доведе до зголемување на угледот на Србија на меѓународно ниво, за зголемување на трговската размена на Србија, зголемување на поддршката на Србија за Косово како и зајакнување на партнерството со 104 држави од светот. 

На дводневниот самит на Движењето на неврзаните земји не беа донесени никакви значајни одлуки, ниту пак беа потпишани важни документи, меморандуми.  Собирот во Белград претставува начин да се одбележи 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните што беше одржана на 1 септември 1961 година во Белград. Но за време на самитот, повеќе лидери ја истакнаа потребата од редефинирање на политиката на „Движењето на неврзаните“, се со цел истото денес, во 21 век, во време на турбулентни економски и геостратешки промени, да го пронајде своето место, и истото да има свое влијание и тежина при креирањето на новите светски текови, и на економските промени на светско ниво. Останува да видиме дали ќе дојде до реализација на тие повици, особено ако се знае шароликоста на движењето, и дека во него членуваат држави кои што имаат нерешени спорови, или се регионални непријатели.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Разврзување на Косовскиот јазол – Конфликт на Балканот?
Колумна

Разврзување на Косовскиот јазол – Конфликт на Балканот?

adminСеп 29, 20216 min read

Деновиве сведоци сме на ескалација на ситуацијата на Косово и Метохија која може да прерасне во ограничена мала војна. Ескалацијата е резултат на неисполнувањето и непочитувањето (пред се од страна на Косово) на Бриселскиот споразум од 2013 година, како и…

Прочитај повеќе
Македонско – Косовски воен сојуз?
Колумна

Македонско – Косовски воен сојуз?

adminСеп 25, 20217 min read

На 16-ти септември владите на Република Македонија и на Република Косово (кое што не е меѓународно признаено) ја потпишаа СОФА спогодбата која што опфаќа 11 договори за соработка помеѓу Македонија и Косово. Најважните договори се однесуваат на можноста Силите на…

Прочитај повеќе
За македонско – руските работи
Колумна

За македонско – руските работи

adminОкт 9, 20215 min read

Македонија деновиве остана без дипломатски претставник во Русија, една од најмоќните светски држави, и една од петте постојани членови на Советот за Безбедност на Обединетите Нации. После последното заладување на односите, македонско – руските дипломатски односи се наоѓаат на најниско…

Прочитај повеќе
Дарко Тодоровски: Стратегијата на САД против Кина
Колумна

Дарко Тодоровски: Стратегијата на САД против Кина

adminОкт 5, 20216 min read

Кина денес е економски, политички, воен и технолошки џин кој што и ги фрли ракавиците на САД во борбата за превласт и контрола на светот. Но САД не сакаат да се откажат од превласта во светот, и се решени да…

Прочитај повеќе
Дипломатски скандал: Кој ќе одговара?
Колумна

Дипломатски скандал: Кој ќе одговара?

adminОкт 2, 20216 min read

На 27 август на граничниот премин Прешево при обид за влез од Србија во Македонија беше уапсен македонскиот дипломат Миле Миленковски. Тој иако поседувал син дипломатски пасош кој што му обезбедува дипломатски имунитет и заштита, беше уапсен од страна на…

Прочитај повеќе

Related

  • Ознаки
  • Белград
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • меѓународни односи
  • Србија
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ изнесе во јавност имиња на лица кои вршат предизботрен поткуп ширум државата
Следна објава Дали поединци во МВР злоупотребуваат функции? Кандидат за градоначалник на опозицијата во источна Македонија повикан на информативен разговор
Може да Ве интересира:
Растргната држава дали е држава?
Колумна

Растргната држава дали е држава?

мај 23rd, 2022 91
Планот на САД за борба против Русија
Анализа

Планот на САД за борба против Русија

мај 18th, 2022 32
Време е фениксот повторно да се издигне од пепелта за да стане лав!
Анализа

Време е фениксот повторно да се издигне од пепелта за да стане лав!

мај 15th, 2022 9
Битката за Мариупол и нејзиното значење
Колумна

Битката за Мариупол и нејзиното значење

април 19th, 2022 9
Нападнато е колективното сеќавање т.е. идентитетот на постоењето на Македонскиот народ
Колумна

Нападнато е колективното сеќавање т.е. идентитетот на постоењето на Македонскиот народ

април 17th, 2022 136
Времена администрација сте, ама времена територија ли сме ние, или лажно се чувствуваме??
Колумна

Времена администрација сте, ама времена територија ли сме ние, или лажно се чувствуваме??

април 17th, 2022 196
Ужасот на војната и моќта на животот
Колумна

Ужасот на војната и моќта на животот

април 17th, 2022 276
Премиера на Кинжал. Масовна употреба на Искандер и Калибр во војната во Украина
Колумна

Премиера на Кинжал. Масовна употреба на Искандер и Калибр во војната во Украина

април 11th, 2022 317
Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина
Колумна

Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

април 9th, 2022 149
Facebook Comments

зголемете го приходот од вашиот веб сајт

Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

983
Click Here To Join Native Media
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

516
Најнови објави
Мај 27th 10:22 AM
Македонија

Што крие Славјанка Петровска во однос на набавката на резервни делови за оклопните возила на АРМ???

Мај 27th 10:02 AM
Регион

Градоначалникот на Лозово се вклучи во акцијата за санација на штетите од вчерашното невреме

Мај 27th 2:18 AM
Македонија

Џафери противправно лишил од слобода пратеници за кое дело се лежи од 6 месеци до 5 години затвор, алармираат од опозицијата

Мај 27th 1:55 AM
Македонија

“Сплавот” со име Талат Џафери наиде на жестоко торпедирање на координаторот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Мај 26th 8:11 AM
Македонија

Талат Џафери од собранието направи штала а себеси чобан

Мај 26th 7:57 AM
Македонија

Драма во собранието во режија на Талат Џафери- Заклучување на пратеници во пленарната сала

Мај 26th 7:52 AM
Македонија

Аманет 1903-та спроведува иницијатива за санација на црквата “Св. Никола” во с. Кнежје

Мај 26th 7:33 AM
Македонска бесмртност

Историски документ: Апел до Македонците во Бугарија – 1944

Мај 25th 10:15 PM
Регион

Летен караван на книгата во склоп на 59. Драмски аматерски фестивал во Кочани

Мај 23rd 11:29 PM
Свет

Наставници по Македонски Јазик ги обединија младите Македонци од целиот свет по повод Св. Кирил и Методиј

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Наставници по Македонски Јазик ги обединија младите Македонци од целиот свет по повод Св. Кирил и Методиј
Свет

Наставници по Македонски Јазик ги обединија младите Македонци од целиот свет по повод Св. Кирил и Методиј

Мај 23rd, 2022 531
Градоначалникот на Лозово се вклучи во акцијата за санација на штетите од вчерашното невреме
Регион

Градоначалникот на Лозово се вклучи во акцијата за санација на штетите од вчерашното невреме

Мај 27th, 2022428
Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија
Македонска бесмртност

Вашингтон Пост во 1908 г: Македонците во САД бараат од претседателот Теди Рузвелт да се заложи за автономија на Македонија

Мај 23rd, 2022361
Драма во собранието во режија на Талат Џафери- Заклучување на пратеници во пленарната сала
Македонија

Драма во собранието во режија на Талат Џафери- Заклучување на пратеници во пленарната сала

Мај 26th, 2022267
Перо Костадинов од СДСМ: Омразата е евидентна, длабоко вкоренета и тешко поднослива
Македонија

Перо Костадинов од СДСМ: Омразата е евидентна, длабоко вкоренета и тешко поднослива

Мај 23rd, 2022266
Архива на статии
  • Колумна
  • Градоначалник
  • Штип
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Локални избори
  • Гоце Марков
  • 2021
  • Кочани
  • СДСМ
  • проекти за граѓаните
  • Бошко Цветковски
  • Општина Лозово
  • Свети Николе
  • став
  • Карбинци
  • Македонска Каменица
  • Љупчо Папазов
  • Дејан Владев
  • соработка
  • Виктор Паунов
  • Виница
  • Иван Јорданов
  • Дарко Тодоровски
  • Чешиново- Облешево
  • инфраструктура
  • Христијан Мицкоски
  • Зоран Заев
  • Совет
  • избори
  • Поезија
  • образование
  • МВР
  • Историја
  • Пехчево
  • Миле Петков
  • Делчево
  • култура
  • граѓани
  • проекти
  • Пробиштип
  • Берово
  • Бугарија
  • собрание
  • ЗДРАВСТВО
  • Украина
  • СЈО
  • војна
  • Русија
  • советничка листа
  • Димче Атанасовски

Почитувани,
во последните повеќе години источниот дел на Република Македонија се соочува со едноумие и анемичност во информативниот простор, предодреден првенствено од лошите економски услови за опстојување на информативните гласила на овој простор.
Брегалничкиот регион на Република Македонија има со што да се пофали и афирмира пред остатокот од државата, но и во меѓународни рамки.
Исто така потиштени од огромниот број на проблеми со кои се соочува народот во овој регион, за кои што проблеми многу малку се говори и информира во јавноста изворно од теренот гледаме дека сосатојбите не се менуваат на подобро.
Затоа решивме да смогнеме минимални сили за да започнеме со овој проект наречен едноставно БРЕГАЛНИЧКИ.
Портал кој првично извира од народот и за народот…
Колку ќе успееме да ја заслужиме Вашата читателска доверба, оставаме Вие самите да изградите сопствена перцепција.

Вести од источна МакедонијаПростор за ваша промоција. Контакт: bregalnicki@gmail.com
Наш Instagram дом

bregalnicki

Информација за нормални луѓе

bregalnicki
Подготвен за матура Подготвен за матура
Запознајте ги ќерките на Си Запознајте ги ќерките на Силвестер Сталоне ака Рамбо, Кобра, Роки,...
Како од идеја Илирида стану Како од идеја Илирида станува реалност...
Предвидување на театарче "Лево Ќоше" пред неколку децении
Практичен пример на закон н Практичен пример на закон на физиката за магнетно поле
Прашале милионер која е тај Прашале милионер која е тајната на неговиот успех....
Роналдо: Заборавете ги останатите девојки, фокусирајте се на една која што ве сака најмногу од се и која ќе направи се за да успеете во животот...
Семејство... Семејство...
Преживување... Преживување...
Секој сака да владее со светот. Ретки се тие што безрезервно сакаат во светот...
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.