Одржувањето на здрава и чиста животна средин е еден од највисоките приоритети а граѓаните на целиот Брегалнички Регион. Во изминатите години јавноста беше сведок на постојани пожари на градските депонии како и расфрлан смет на повеќе диви локации низ општините на регионот.
Неопходноста за интегрално справување со комуналниот смет од домаќинствата и стопанството на ниво на регион е неопходност која што и покрај политичките определби на сите власти, имплементацијата заостанува.
Општината Карбинци предничи во мерките за справување со дивите депонии на своја територија преку кои ќе им каже збогум на постоечките 6 диви депонии во општината.
“Во рамките на проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во источниот плански регион преку ИПА 2 програмата, Општина Карбинци започнува со целосно затварање на дивите депонии на 6 локации низ општината.
Започнуваме со затворање на депониите во близина на населените места:
Карбинци, Таринци, Аргулица, Козјак, Крупиште и Радање.
По завршување на овој проект ЈП Плачковица и општина Карбинци ќе спроведат контроли и строги санкции доколку на истите локации има фрлање на смет.
Она што го ветивме за трајно затварање на овие депонии веќе го реализираме.“
-информираше градоначалниот на општина Карбинци Виктор Паунов.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Постои град во Турција кој се вика “Бетмен”
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата