• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Македонско – Косовски воен сојуз?

септември 25th, 2021 Колумна коментари 874

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Македонско – Косовски воен сојуз?

На 16-ти септември владите на Република Македонија и на Република Косово (кое што не е меѓународно признаено) ја потпишаа СОФА спогодбата која што опфаќа 11 договори за соработка помеѓу Македонија и Косово. Најважните договори се однесуваат на можноста Силите на безбедноста на Косово да влегуваат и престојуваат на територијата на Македонија, физибилити студија за патот Призрен-Тетово, соработка во областа на дијаспората, регулирање на железничкиот сообраќај, соработка во секторите енергија, туризам, контрола на стратешките добра, иновации, технолошки развој и претприемништво и локална самоуправа.

Косовскиот премиер Албин Курти во писмена изјава за СОФА спогодбата изјави „Важна е и посебна е спогодбата СОФА, која го регулира статусот на Силите на безбедноста на Косово, да им се овозможува влез и излез, привремен престој и минување низ (транзит) на територијата на Македонија. Ова ќе биде корисно за двете држави, бидејќи, како што видовме оваа година, покрај тоа што беа партнер и важен воен сојузник, Силите на безбедноста на Косово можат да им помогнат на граѓаните и во операции на спасување [1]“

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да ја изразам нашата искрена поддршка за визна либерализација за Косово со Европската унија и да повторам дека Република Македонија е подготвена да ги сподели со Република Косово искуствата од нашето пристапување во НАТО се до пристапувањето на нашиот сосед во НАТО [2]“. Премиерот Зоран Заев нагласи и додаде дека во оваа насока гледа позитивно на распоредувањето на 44 припадници на Армијата на Македонија како дел од мисијата на КФОР на Косово.

Фото автор: IVANA BATEV

Македонската влада го крие договорот, и не дава никакви информации за него, за разлика од властите на Косово, со чија што помош македонската јавност дозна за договорот. Македонската влада потпиша уште еден договор во низа кој што е погубен за Македонија, и ја става Македонија во подредена положба. Македонија и Косово, со посредство на САД и Германија, работат на создавање на воен сојуз, и кон тој сојуз подоцна треба да се приклучат Албанија и Црна Гора. Сојузот претставува одговор на економскиот и воениот подем на Србија, како и блиските односи на Србија со Русија и Кина. Сојузот отворено е насочен против Србија и нејзините интереси. Дали некој во македонската влада, или од претседателскиот кабинет ги ставил на вага сите придобивки и загуби од овој договор, и што тој значи и што може да предизвика во близка иднина?

Курти е во право, најважен дел од спогодбата СОФА е тоа што Силите на безбедноста на Косово ќе можат да влегуваат, транзитираат и престојуваат на територијата на Македонија. Но каде ќе транзитираат? Грција не го признава Косово и нема да дозволи влез на своја територија, Албанија и Косово се инфраструкторно поврзани, и косовските сили можат слободно да транзитираат низ Албанија. Бугарија нема исто да дозволи транзит и влез на косовските сили на своја територија, за да не ги влоши односите со Србија. Ниту Атина, ниту Белград и Софија ќе дозволат Македонија целосно да подпадне под влијание и контрола на Албанија и албанските партии во Македонија. Најверојатно договорот е потпишан со цел припадниците на Силите за безбедност на Косово да можат да учествуваат во воени вежби со македонската армија, и со армиите на некои НАТО држави на Криволак, се со цел зголемување на борбената готовност и обука по НАТО стандарди, се со цел Силите за безбедност на Косово да можат да пружат отпор на српската армија во евентуален воен конфликт во иднина. Сето тоа ќе доведе до тоа Србија да го зголеми разузнавачкото присуство и операции во Македонија. Најверојатно како и на сличните договори кои што ги потпишуваат другите држави, или договорите кои што Македонија ги имаше потпишано претходно со НАТО, и со КФОР за време на неговото присуство во Македонија после конфликот во 2001 година, припадниците на Силите за безбедност на Косово нема да одговараат пред македонските судови доколку сторат некој прекршок или кривично дело на територијата на Македонија. Интересно е и Договорот за соработка на дијаспората кој што го потпишаа Министрите за надворешни работи, и логички се поставува прашањето, интересите на чија дијаспора ќе ги застапува Министерството за надворешни работи на Македонија, на македонската или на албанската дијаспора? Претходно Министерствата за надворешни работи на Македонија и Косово договорија синхронизација на надворешната политика, и имаше случаи кога министерот Османи, или други претставници на македонската влада и институции, при посети на други држави, меѓународни настани, отворено ги застапуваа и се бореа за косовските интереси, а не за македонските интереси. Па дури и напуштија меѓународни настани бидејќи на истите не бил поканет Косово.

И покрај тоа што на сила е резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово, според која што на Косово не може да има други вооружени сили освен припадниците на КФОР, но Косово, со помош на САД, Германија и Турција отворено ја крши резолуцијата на ОН. Во 2018 година Косово го започна процесот за создавање на Косовска армија, односно трансформација на Силите за безбедност на Косово во функционална армија, со 5 000 припадници и 3 000 резервисти. Од тогаш до денес, со помош на купување на оружје и опрема, и пред се на воени донации од страна на САД, Германија и Турција, почнувајќи од лично вооружување па се до борбени транспортери и оклопни возила, Косово е на добар пат да го заврши создавањето на армијата. Како резултат на тоа, Србија води интензивна кампања на опремување и модернизирање на својата армија со современо оружје и опрема, и дека Србија е спремна за сите сценарија на Косово. Србија ги распореди своите армиски и полициски специјални единици на административната граница со Косово.

Интересно е дека во 2001 година за време на воениот конфликт во Македонија, единиците и припадниците на Косовскиот заштитен корпус (денес Косовска Армија) учествуваа во борбите во Македонија на страната на ОНА против македонската армија, полиција и безбедносни сили. Најзабележана беше улогата на Косовскиот заштитен корпус при битката за Радуша, каде што македонските безбедносни сили со помош на воените хеликоптери и авиони херојски го спречија нападот на Радуша, и им нанесоа големи загуби на ОНА и на Косовскиот заштитен корпус, кои што како резултат на тоа беа приморани да се повлечат на Косово.

Македонската влада свесно си игра со оган, и продолжува да води отворена анти-српска политика, и покрај тоа што Србија и помогна на Македонија со епидемијата, преку донации на вакцини и вакцинирање на македонските граѓани во Србија, плус за време на пожарите летото Србија испрати во Македонија хеликопери за гаснење на пожарите. Србија е еден од најважните трговски партнери на Македонија, а и преку Србија поминува главната артерија на македонскиот извоз во ЕУ. Истовремено, Косово одби да ги испорача на Македонија и осомничените за случајот „Монструм“, со изговор дека не верува во независноста и правичноста на македонските судови. Но очигледно македонската влада продолжува да води погубна надворешна политика. Оваа спогодба ќе доведе до нарушување на односите Србија Македонија, и тој договор ќе има безбедносно-политички импликации врз Република Македонија и нејзината безбедност на долги стази.


Пишува: Тодоровски Дарко

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

[1] https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-potpishal-vojskata-na-kosovo-da-vleguva-i-da-prestojuva-vo-makedonija/

[2] https://balkans.news/2021/09/16/zaev-and-kurti-we-have-strong-political-will-to-strengthen-and-deepen-bilateral-relations-and-cooperation-in-all-areas/

Related

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава За кого работат асфалтерките пред избори во Штип?
Следна објава Маркетинг понуда за локални избори 2021
Може да Ве интересира:
Сакате и вие од источна Македонија помош од 130 мил евра за нови вработувања? Сакате концерт како тој во Чаир што ќе личи на Exit?
Колумна

Сакате и вие од источна Македонија помош од 130 мил евра за нови вработувања? Сакате концерт како тој во Чаир што ќе личи на Exit?

август 11th, 2022 286
Погледнете се себеси во огледало и погледнете го еден од виновниците за се она што денес го преживуваме
Анализа

Погледнете се себеси во огледало и погледнете го еден од виновниците за се она што денес го преживуваме

август 11th, 2022 101
Зеленски „Кина е единствената држава која може да влијае на позицијата на Руската Федерација
Анализа

Зеленски „Кина е единствената држава која може да влијае на позицијата на Руската Федерација

август 9th, 2022 107
Кој и со која цел ја прекројува традицијата на луѓето од Пијанец и поширокиот регион?
Анализа

Кој и со која цел ја прекројува традицијата на луѓето од Пијанец и поширокиот регион?

август 9th, 2022 389
Македонија и враќа на Украина за помошта во 2001 година. Но дали со тоа не ја подкопува својата одбрана?
Анализа

Македонија и враќа на Украина за помошта во 2001 година. Но дали со тоа не ја подкопува својата одбрана?

август 6th, 2022 1012
Васил Маневски: Илинден
Колумна

Васил Маневски: Илинден

август 2nd, 2022 120
Посетата на Ненси Пелоси на Тајван може да доведе до конфликт помеѓу САД и НР Кина
Анализа

Посетата на Ненси Пелоси на Тајван може да доведе до конфликт помеѓу САД и НР Кина

август 1st, 2022 107
Пет месеци војна во Украина. Што понатаму?
Анализа

Пет месеци војна во Украина. Што понатаму?

јули 29th, 2022 145
Се чувствувате ли доволно добро скринирани, или треба повеќе?
Анализа

Се чувствувате ли доволно добро скринирани, или треба повеќе?

јули 27th, 2022 156
Facebook Comments
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

129
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

589
Најнови објави
Авг 13th 3:03 PM
Македонија

ДЗР: Низок степен на реализација на владините мерки во секторот туризам

Авг 13th 2:52 PM
Македонија

Охридскиот Рамковењн Договор е патоказот за стабилна иднина, соопштуваат од СДСМ

Авг 13th 2:40 PM
Македонска бесмртност

Ова е “Бриони” во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

Авг 13th 2:30 PM
Матна Брегалница

Некоја нова “НАПРАВИЈА”: Танга и туба мајонез најдени во нива! Што ли се случувало?

Авг 13th 2:23 PM
Регион

Тешка криза ги зафаќа СДСМ Штип- од лага во лага очајно сакаат да стигнат до изгубената доверба од штипјани

Авг 13th 1:50 PM
Македонија

Стево на годишнина од Рамковниот договор: Сите наши напори во иднина да ги насочиме кон многу посилен економски развој

Авг 13th 12:24 PM
Регион

Сите кои патуваат низ Штип деновиве треба да го знаат следново

Авг 13th 11:03 AM
Регион

Колку предизборните програми се реализираат? Патот до с. Габрово, делчевско- мртво слово на хартија на Горан Трајковски

Авг 13th 10:04 AM
Македонска бесмртност

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

Авг 12th 9:08 PM
Македонија

Тренчевска од Тетово: СДСМ рекордно ги зголемиле пензиите и има поголеми бенефиции на лицата со попреченост

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Чудотворните можни примени на растението Коноп. Причини за негова забрана
Магазин

Чудотворните можни примени на растението Коноп. Причини за негова забрана

Апр 2nd, 2022 1721
Кој и со која цел ја прекројува традицијата на луѓето од Пијанец и поширокиот регион?
Колумна

Кој и со која цел ја прекројува традицијата на луѓето од Пијанец и поширокиот регион?

Авг 9th, 2022839
Градоначалникот на Македонска Каменица решен да стави крај на немањето на водовод и канализација насекаде во општината
Регион

Градоначалникот на Македонска Каменица решен да стави крај на немањето на водовод и канализација насекаде во општината

Авг 11th, 2022766
Сашо Тасевски во посета на полицијата на Република Албанија. Знамето на Македонија каде е?
Македонија

Сашо Тасевски во посета на полицијата на Република Албанија. Знамето на Македонија каде е?

Авг 9th, 2022555
Измислиле занимање Наставник по мајчин јазик и литература "иноваторите" во власта
Матна Брегалница

Измислиле занимање Наставник по мајчин јазик и литература "иноваторите" во власта

Авг 11th, 2022527
Архива на статии
  • Градоначалник
  • Колумна
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • комунални работи
  • Кочани
  • Македонска Каменица
  • Љупчо Папазов
  • Виница
  • Иван Јорданов
  • Гоце Марков
  • ЈП "Стипион"
  • Локални избори
  • Миле Петков
  • СДСМ
  • Дарко Тодоровски
  • Димче Атанасовски
  • Игор Ефтимов
  • 2021
  • Општина Лозово
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Кирчо Анастасов
  • Карбинци
  • Свети Николе
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Виктор Паунов
  • Дејан Владев
  • Совет
  • Русија
  • Украина
  • улици
  • ЈП "Солидарност"
  • Спорт
  • култура
  • образование
  • Чешиново- Облешево
  • Поезија
  • САД
  • војна
  • Христијан Мицкоски
  • Зоран Заев
  • граѓани
  • заштита
  • ЈП "Камена Река"
  • избори
Наш Instagram дом

bregalnicki

Информација за нормални луѓе

bregalnicki
Арнолд го тренира малиот Шв Арнолд го тренира малиот Шварценегер.
Татко и син
ZEAN CLAUDE VAN DAMME, BOLO YEUNG, MICHEL QISSI... ZEAN CLAUDE VAN DAMME, BOLO YEUNG, MICHEL QISSI...
Kickboxer & Bloodsport
"Волшебна када", впечатлива "Волшебна када", впечатлива фонтана во Кадиз, Шпанија
И Rage against the machine повторно се И Rage against the machine повторно се собраа во оригиналната постава а Македонија уште чека датум за преговори за  членство на ЕУ.

#zackdelarocha #rageagainstthemachine #ratm #tommorello
Кога го прашале Алберт Ајнш Кога го прашале Алберт Ајнштајн како е чувството да се биде најпаметниот човек во светот, овој рекол дека тој не знае и дека истото треба да го прашаат Никола Тесла.
Роден на денешен ден 10 јули во 1856 година.
Човекот кој го промени квалитетот на живот на подобро речиси на секој човек на планетата.
Кога се враќаш касно од кафана, сакаш да се прикрадеш дома нечујно, ама жена ти в куќи има инсталирано аларм систем за будење за кој и во НАСА се уште немаат слушнато
Пред 36 години овие 4 луѓе го Пред 36 години овие 4 луѓе го спасија Њу Јорк. Да не се заборави...
Васил Чакаларов МАКЕДОНСКИ Васил Чакаларов
МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР учесник во Илинденското востание
(1874-1913)
Синоним за непокорот, борбениот дух на Македонскиот народ и страв и трепет за тогашните грчки власти.
https://bregalnicki.mk/smrtta-na-chakalarov-bila-golema-zaguba-za-makedoni-a-negovoto-delo-zhivee-den-deneska/
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.
 

Loading Comments...