БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ин Мемориам: Си замина Анка Гиева- доајен на Македонската народна песна со магичен глас

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на долги 56 години професионална активност Анка Гиева со нејзиниот творечки и уметнички опус се сврсти во редот на најзначајните Македонски музички имиња на народната музика. Нејзиното повеќе од 5 децениско музичко и уметничко творештво е нераскинлив дел од времето во кое таа создавала и творела под ова Македонска небо. Како дел од првата генерација на музички дејци по војната Анка Гиева се втемелила себеси во темелите на создавањето на значајни државни институции преку реафирмација на Македонското народно творештво и мелос.

Анка Гиева е родена во 1938 година во предвоено Скопје, а нејзиниот детски живот бил сведок на воените перипетии низ кои поминал главниот град на Македонија.

Од 1957 година започнува нејзината инволвираност во културните збиднувања на а таа нејзина активност ќе трае се до 2013 година кога се повлекува од јавни настапи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нејзините интерпретации на Македонските народни песни кај народот буделе посебен сентимент и убавина што ја сврствува нејзината изведба во редот на оние на Никола Бадев, Александар Сариевски, Вања Лазарова и Васка Илиева.

Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, “Да сум бистра вода”, “Отвори ми бело Ленче” и др.

Во 2022 година добива “Орден за заслуги” на Република Македонија од претседателот Стево Пендаровски.

Анка Гиева починува во Скопје на 7 септември 2024 година во предвечерие на државниот празник 8 Септември.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace