БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Се ме напушта пополека сине , но Господ уште ми го чува, гласот”… Почина Милорад Гавровски- еден од носителите на Гласоечкото пеење под заштита на УНЕСКО

Пренеси го гласот

Во 2011 година Гласоечкото пеење од просторот на Долни Подлог од тетовско беше запишано во листата на нематеријални културни наследства под заштита на УНЕСКО како прво нематеријално културно добро од Македонија кое е впашано и заштитено на оваа репрезентативна листа од значење на човештвото.

Како еден од носителите на ова нематеријално културно наследство беше Милорад Гавровски кој што во текот на својот живот од најмала 6 годишна возраст го наследил ова пеење од своите предци а потоа во текот на својот живот го пренесувал на оние членови на неговото семејство но и други луѓе кои што имале афинитети кон ваквиот вид на пеење. Гласоечкото машко пеење кое што е типишно за просторот на Долни Подлог Тетово се карактеризира со пеење во два гласа кои што во форма на контрапункт се надополнуваат во рамки на мелодиската линија на песната. Песната започнува со првиот глас кој што ја одржува целата мелодиска линија од почеток до крај на песната, на кој се надоврзува вториот глас длабочина и широчина на музичкиот наратив. А токму гласот на Милорад Гавровски беше тој прв глас кој што го одржуваше ова специфично машко пеење со децении во рамки на неговиот живот.

Денеска на 8 Септември преку социјалните мрежи Мирослав Гавровски ја соопшти тажната вест за упокојувањето на душата на нивниот татко, свекор, брат и дедо Милорад чиј што погреб ќе биде утре во понеделник на 9 септември во градските гробишта во Тетово.

Со тоа не само семејството туку и народот од овие простори загуби еден значаен репрезент на Македонската култура и идентитет, кој што зад себе остава горди и доследни наследници за да ја продолжат неговата работа и мисија.

“Се ме напушта пополека сине , но Господ уште ми го чува ,гласот,,. Тоа беа последните твои зборови… 🖤 🖤 🖤 А Денес кога те напушти и тој ,го напушти и оној за кого цел живот се бореше да излезе на прав пат… Годините се бројка а ти остануваш мојот ангел чувар во вечноста. Душо моја, татко мој нека ти е светол патот и поздрави ми ја таа која не остави долги години заедно да се бориме сами до овој момент. Но ја сум горд што од мене направи човек. Ти благодарам за се што стори за мене.,никогаш непрежален драг мој татко. Твојот син Мирослав 💔 Им соопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот мил и непрежален татко, свекор ,брат, дедо МИЛОРАД ГАВРОВСКИ, почина на ден 8ми Септември . Погребот ќе се изврши на ден 09 Септември на Градските Гробишта во Тетово. Телото ќе биде изложено во Капелата на Градските гробишта од 11-12 часот. Опело во црквата Св. Димитрија во 12 часот.”

-стои испишано на фејсбук страницата на Трио Гавровски како последна почит за нивниот упокоен член.

bregalnickimarketing

Нека му е вечна слава.

Креирано од:


Пренеси го гласот