БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дали власта подготвува партиска параполиција во пресрет на изборите во Свети Николе?

Пренеси го гласот

До нашата редакција пристигнаа шокантни информации во врска со работата на резервниот состав на полицијата при ОВР Свети Николе. Загрижен граѓанин кој што сака да остане анонимен согласно законот за укажувачи ја алармира јавноста во Свети Николе но и ширум државата за она што го посведочил во рамки на работата на резервниот состав на полицијата во Свети Николе. Според доставените информации станува збор за направено “освежување” во редовите на резервниот состав на полицијата во Свети Николе, при што поранешни бранители-учесници во одбрана на Македонија во 2001 година, искусни поранешни припадници на професионалниот воен состав на армијата како и луѓе со долгогодишно искуство, биле заменети од нови лица во резервниот состав на полицијата од страна надлежните органи.

Шокантно е што според добиените информации од страна на укажувачот станува збор за поставување на нови лица во резервниот состав на полицијата кои што имаат криминално досие, биле дел од меѓународни криминални групи (поспецифично т.н. Франкфуртска мафија), регистрирани уживатели на опојни дроги, лица со служена затворска казна, сторители на сообраќајни несреќи. На местото на долгогодишни искусни припадници на резервниот состав на полицијата се поставени вакви лица кои што сега ќе можат легитимно да носат оружје и да бидат дел од организираното боево гаѓање кое што го спроведуваат припадниците на овој состав на полицијата. Според доставените информации укажувачот кој што сака да ја алармира јавноста во име на јавниот интерес сведочи дека дел од овие новопоставени членови во резервниот состав во рамки на едно од боевите гаѓања се однесувале сомнително со сомнение налик како под дејство на опијати, при што останатите учесници во боевото гаѓање се побуниле и не дозволувале да им се даде оружје на овие луѓе.

Доколку ваквите наводи од страна на укажувачот се вистина за што треба да се изјасни Оливер Спасовски, МВР и неговите надлежни органи во јавност, ваквата состојба е крајно алармантна во однос за безбедноста на граѓаните на Свети Николе но и пошироко.

Јавноста во Македонија се сеќава на атмосферата во предизборниот период во 2020 година кога имаше огромни предизборни влијанија и притисок на институциите врз волјата на електоратот а се случуваа и евидентни нерегуларности во однос на работата на полицијата која толерираше многу недозволени активности во очи на парламентарните избори во таа година.

Дали власта се подготвува за слично сценарио и сега и како со ваквата состојба ќе се справат граѓаните останува да проследиме во претстојниот период.

Креирано од:


Пренеси го гласот