Видео направено од компилација на 150.000 индивидуални фотографии, тајмлапсот „Бавниот живот“ од Даниел Ступин е едно од најневеројатните видеа кои некогаш сте ги погледнале.
„Бавните морски животни го покажуваат својот таен живот кога се набљудувани на микроскопско ниво. Коралите и сунѓерите се неверојатно подвижни суштества, но нивното движење може да се забележи само со тајмлапс технологијата, бидејќи се движат на различни временски скали од нашите. За да го направам ова кратко видео, ми беа потребни 150.000 снимки. Зошто толку многу? Бидејќи макро-фотографијата вклучува многу плитко поле на длабочина. За да го зголемам, јас употребував собирање на фокусот. Секоја рамка од видеото е всушност еден куп кој се состои од 3-12 снимки каде што се споени областите во фокусот. Само воведот и последната сцена се снимки во вистинско време. За една рамка се потребни околу 10-тина минути процесирање,“ – објаснува Ступин.





СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
160 недели, најмалку 160 книги: КЛИК веќе објави 21 книга и го отвора македонското книжевно творештво кон светот
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?