За здравото внесување на храната , најважно е правилно да ја измиете пред употреба. Потребно е само да го ставите продуктот под млаз вода и да го исплакнете. Но постојат и некои трикови кои ќе ви бидат од корист.
- Замрзнати овошје и зеленчук
Пред да се замрзнат, овошјето и зеленчукот се измиени со вода. Поради ова многу луѓе не ги мијат замрзнатите производи пред да ги користат. Но подобро е повторно и темелно да ги измиете како и свежите овошје и зеленчук, за да ги отстраните сите нечистотии и бактерии.
- Ориз
Сите видови ориз треба да се измијат најмалку 3-4 пати пред готвење. Главната опасност не е во прашината, туку во скробот што го покрива оризот. Скробот прави оризот да се згрутчи. На ист начин се чисти и пченката.
- Млеко и млечни производи
Се препорачува да ги измиете пакувањата млеко, јогурт и други течни производи пред да ги отворите. Илјадници раце ги допираат овие продукти секој ден. бактериите од сите луѓе што го допреле лесно можат да завршат во вашиот дом. Истото важи и за лименките.
- Риба
Нема потреба да ја миете свежата риба. Високите температури ги убиваат бактериите, а ако ја миете рибата постои опасност да ги разнесете бактериите низ вашата кујна.
- Зелка
Зелката е потребно темелно да ја измиете. Ако готвите карфиол, кој всушност спаѓа во иста фамилија на зелките, потребно е да го исчистите темелно и да го поделите на делови. На зелката се отстрануваат горните два слоја на кои можеби има нечистотии и прашина. За да се ослободите од инсекти и бактерии, ставете ја зелката во сад со вода, додајте малку оцет и оставете ја да отстои неколку минути. Потоа исплакнете со млаз чиста вода.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоматолог од Франција затворен затоа што на своите пациенти им ветувал “насмевки на славните”
„ТЕ ЉУБАМ“ – нова песна од Браво бенд!
Конечно Скопје и Македонија добиваат нов метал фестивал на отворено