БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Делчевчани знаат кои се и што сакаат: “Македонијо во срце те носиме” силно одекна покрај Брегалница под вечниот Голак!

Пренеси го гласот

Река прекрасни лица со светлина во очите и дланки кои силно чукаат во ритамот на срцето… а тоа пустото како по навика удира во ритамот на Македонскиот народен мелос. Но, сега илјадници срца како едно биеја на звуците на современ музички аранжман кој што беше дел од една незаборавна музичка приказна за нешто поголемо од сите нас. Македонија.

Вечерва на летната сцена во најубавиот плоштад во источна Македонија во центарот на Гоцевото Делчево музичкиот караван “Македонијо во срце те носиме” на музичката продукција “Скендеровски” беше уникатна причина за илјадници делчевчани и голем број гости од околните градови да бидат дел од оваа несекојдневна музичка магија за која долго ќе се раскажува.
Тивкото ветре покрај реката Брегалница, бескрајниот жубор на самата река и стаменоста на вечниот Голак оваа приказна ќе ја пренесуваат долго покрај нас… а луѓето кои беа дел од овој настан со сигурност ќе може да бидат горди што заедно со Македонските музички ѕвезди беа ехо што долго ќе одѕвонува низ времето.

Македонија и овие Македонци се најубав пример за љубов кон заедништвото, кон она што не обединува и не прави уникатни пред лицето на светот. Македонски песни испеани со длабок сензибилитет, со многу љубов и емоција, како срце на дланка да распослаа нашите музички херои за да го подарат на толку убавата публика, Толку Македонштина на едно место одамна светот не беше видел! Токму од врутокот на револуцијата од во предворјето на славното Разловци, во срцето на бесмртниот Пијанец, граѓаните на Делчево бараа песна повеќе да пеат за да случајно не се заборави на оваа прекрасна вечер што плени со својата монументалност.

Делчевчани знаат кои се и знаат што сакаат! Овде Македонија се живее во вистинска смисла на зборот, достоинствено, гордо и со пркос, низ песна која содржи и радост и тага.
Голема благодарност за сите што овозможија овој преубав музички празник да се случи токму сега, токму во Делчево. Следуваат уште поубави моменти, кои ќе бидат вредни за спомнување.
Македонија ВЕЧНА!

МакедонскаБесмртност #Традиција #Култура #Заедништво #Македонија #Македонско #Македонци #Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот