БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кочани со недели тоне во ѓубре, граѓани апелираат в.д. градоначалникот да ги натера надлежните во комуналното да си ја работат работата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

До редакцијата на Брегалнички портал пристигнаа повеќе информации во врска со состојбата со енормните количини на наталожено ѓубре на јавни површини низ улиците во Кочани. Овие информации велат дека ваквата алармантна состојба е присутна подолго време наназад, што со оглед на високите температури може да биде причина за појава на зарази и болести.

Дополнително на проблемот со натрупаните купишта со ѓубре се надоврзува и проблемот со улични кучиња и мачки кои што претураат низ ѓубрето а потоа неконтролирано се движат насекаде низ градот, што претставува дополнителен ризик за здравјето на граѓаните на Кочани.

Индикативно е според добиените информации доставени од загрижени граѓани што во Кочани екипите на комуналното претпријатие подигаат комунален смет само од неколку улици во центарот на Кочани кои гравитираат околу трговскиот центар за што нашиот извор апелира на подеднаков третман на сите граѓани од страна на локалните институции.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Недозволиви се ваквите фотографии во урбана средина во денешно време што е за секаква осуда со цел за итно надминување на состојбата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace