БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Директорката на ФЗО Кочани и кандидат за пратеник сликана како носи брашно и зејтин на гласачи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

И по 30 години демократија и плурализам во Македонија, очигледно само во СДСМ остана истата матрица на однесување.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани Миле Лефков на социјалните мрежи сподели фотографија од кандидатката за пратеник на претстојните парламентарни избори, која што е истовремено директорка во ФЗО Кочани, со негова реакција дека таа носи зејтин и брашно на гласачи.

Преку ваквата појава Лефков алармира во јавноста дека станува збор за очигледно кршење на изборниот закон при што упатува и дополнителни прашања до Марија Ангелова.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Миле Лефков преку која тој го разобличува делувањето на функционерите на СДСМ во насока на книжење на политичка корист во вид на гласови за претстојните парламентарни избори:

“Директорката на ФЗО Кочани и кандидат за пратеник, денес е сликана како носи брашно и зејтин на гласачи!

Очигледното кршење на изборниот законик.

Прашање до директорката Марија Ангелова:

❌Кој ја обезбеди донацијата?
❌Дали имате доказ/фактура за потеклото?

Многу важно:

❌Зошто помошта не ја поделија волонтерите од кризниот штаб или од Црвен Крст❓

❌Дали сакате да влијаете врз остварување на гласачкото право?

Жално е што директорката ја користи епидемијата за предизборен поткуп.

Најавуваат и бараат брзи избори во јуни, а за тоа време кандидатите делат пакети со прехрамбени продукти на социјално загрозени категории, можеби со надеж да се добие некој глас на маката на народот.

Само да си знаете, тоа нема да ви помине!”

Креирано од:


Пренеси го гласот