“Сомневањата за неправилности и корупција при вработување во Општина Д—– на лицето ———–, инаку партиски активист и близок роднина на градоначалникот, кој во времето на засновање на работниот однос во општината имал навршено 64 години и 6 месеци, СЕ ПОТВРДЕНИ”
-стои во Одлуката број 12-891/8 на Државната комисија за спречување на корупцијата донесена на 13.06.2019 година.

Оваа Одлука луѓето надлежни за спречување на корупција кај државните функционери ја донеле врз основа на постапка која побарале да ја спроведе Државниот Управен Инспекторат поради сомневањата за прекршување на одредбите од членот 104 од Законот за работните односи, членот 3 став 2 членот 63 и членот 67 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси вработувајќи лице кое има исполнето услов за остварување на право за старосна пензија.
Притоа по барање на ДКСК во рамки на реализираната постапка Државниот инспекторат на труд констатирал дека
“Лицето ——– било ангажирано/ преотстапено за потребите на општината преку агенција за привремени вработувања ——– на 06.01.2018 година. Со договори склучени на определен временски период лицето ——- бил ангажиран во општината се до 14.08.2018 година кога со спогодба со број 0402-561/1 му престана работниот однос во агенцијата за привремени вработувања. На барање на општината на 18.06.2018 година од страна на Агенцијата за администрација бил објавен јавен оглас за пополнување на работно место во општината која постапка по спроведување на сите фази на селекција завршила со донесување на Одлка за избор на кандидатот број 04-1035/1 од 01.08.2018 кодина, кое дотогаш било времено отстапено на општината и кое на 13.08.2018 година се стекнал со статус на административен службеник.”

Пред стекнување со статус на административен службеник вработениот навршил 64 години. Инспекторатот констатирал дека лицето имало дадена изјава заверена на нотар за продолжување на работниот однос после 64 години, за 2019 година на ден 27.06.2018 година согласно член 104 од законот за работни односи.
Проблемот со кој што се крши Законот за работни однос се состои во тоа што кога вработеното лице побарало продолжување на работниот однос тоа било вработено во Агенција за привремени вработување а не во општината, со што Градоначалникот на општина Делчево со донесувањето на Одлука за избор на административниот службеник по претходно спроведената постапка од страна на Агенцијата за државни службеници го повредил посочениот закон.
Истовремено ДКСК констатирале дека дадената изјава пред нотар од страна на вработеното лице е спротивна на членот 104 став 2 од Законот за работни односи бидејќи истата била адресирана до Градоначалникот на општината, а тој во моментот на давање на изјавата тј не бил вработен во општината, туку во агенцијата за привремени вработувања.
Понатаму во Одлуката на ДКСК стои дека:
“Во овој случај Градоначалникот на општината постапил спротивно на членот 104 од Законот за работните односи, членот 3 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси каде стои:
“Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување службената должност за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице.””


Вчера 26.08.2025 година Надворешната канцеларија за криминалистички работи на СВР Штип во Делчево поднесе кривична пријава до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Во изјава за одредени медиуми делчевскиот градоначалник Горан Трајковски објаснувал дека Агенцијата за државни службеници била таа што го извршила изборот и дека тој бил должен да го потпиша Решението за избор на државниот службеник иако бил должен да знае дека претходно предметното лице било вработено во Агенција за привремени вработувања кога со изјава заверена пред нотар побарало продолжување на својот работен ангажман во општина Делчево.
Според кривичната пријава поднесена до ОЈО Делчево од страна на МВР:
“Со незаконското вработување пријавениот Г.Т. му овозможил на В.М. да се стекне со противправна имотна корист од 505.561 денари на име плата и да нанесе штета на Општина Делчево во износ од 762.318 денари по основ на исплатени придонеси и плата.”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
ПОВИК ЗА МЛАДИ: БЕСПЛАТНО УЧЕСТВО НА CASSINI SPACE CAMP
Делчево- единствената општина од регионот која го доби престижното признание “Младински пријателски град”