БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дневните центри од источниот регион во проект за риболов на Музејот “Теракота“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред десетина години, Музејот “Теракота“ беше првата институција во општина Виница која започна едукација со керамичка работилница на лицата со посебни потреби , па следуваа низа проекти каде овие лица континуирано учеа нови вештини, фотографирање, модерен танц и слично,  се со цел проширување на социјализацијата, интеграцијата и инклузијата на овие лица во нашето секојдневие, но и подигање на јавната свест на локалната заедница.

 Во таа насока е и овој тридневен камп на прекрасното Трсинско езеро каде 30-на лица згрижени во дневните центри во Виница, Штип, Делчево и Македонска Каменица , преку цртежи, предавања, па и пракса со стручни риболовци, рекреативно ги учат основните техники во риболовот.

 Музејот Теракота заедно со Дневниот Центар во Виница реализираа уште еден значаен проект во кој целна група беа токму лицата со посебни потреби, каде со целосна подршка од риболовното здружение “Крап“ кои беа главни едукатори, овој проект стана успешно реализиран.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Покрај едукација, присутните се забавувале и дружеле, и биле задоволни од проектот и од начинот како тој изгледал.  Лицата од дневните центри радосно и еуфорично го прифатија новиот предизвик каде уживаа и се радуваа на секоја уловена риба, а за најуспешните рибари, следувале и вредни награди.

Креирано од:


Пренеси го гласот