Потребни состојки:
– 4-5 јајца
– 200 грама маргарин
– 100-200 грама шеќер во прав
– 1 прашок за печиво
– Кора од лимон
– 1 ванилин шеќер
– 400 грама брашно
– 1 шолја млеко
– 600 грама рендани јаболка
– Шеќер за јаболката по желба
– 100 грама мелени ореви
– 200 грама замрзнати малини
– Малку цимет
Изматете ги јајца со шеќерот, а потоа додајте го омекнатиот маргарин и мешајте додека не се направи пена. Додајте ја кората од лимон, брашното со прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и околу 150 милилитри млеко. Добро измешајте ги состојките.
Изрендајте ги јаболката и ставете шеќер по желба. Потоа додајте малку цимет и мелени ореви. Премачкајте ја тавата за печење со масло, а потоа посипете ја со брашно.
Ставете половина од тестото, а врз него половина од малините и ренданите јаболка. Потоа повторно додадете од малините и остатокот од тестото.
Печете на 200 степени, околу 40-50 минути.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ФЛУ Скопје со меѓуакадемската изложба „Нишки / Threads“ гостува во Белград
Започнува “Зимска приказна Делчево 2025-2026”- најголемата новогодишна манифестација за граѓаните на Делчево досега
Горан Таневски со неговиот втор синг “Параходот” најавува незаборавен концерт и нов музички албум