БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Анастасов со крпење на дупки сака да се амнестира од недомаќинско работење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Носителот на кандидатската советничка листа на коалицијата “Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за општинскиот совет во Пробиштип Благој Миновски денеска на прес конференција ја алармираше јавноста за лошите локални политики на актуелниот градоначалник на нивната општина Драган Анастасов.

“На овој начин со крпење на дупките локалната власт на чело со градоначалникот Драган Анастасов сака да се амнестира од неодговорното и недомаќинско работење, најправин дозволувајќи тешките товарни возила да поминуваат одовде и да го уништат најпрометниот локален пат Леговец, за сега да видиме како само закрпија дел од ударните дупките низ патот кој скоро низ целата должина е уништен……

Не смееме, а и не можеме да си дозволиме додека едно се гради друго да се руши, така не се оди напред, особено што ова е локален пат и е под директна надлежност на општина Пробиштип, па наместо со малкуте средства со кои располага општината да се решаваат други проблеми кои секојдневно ги тиштат нашите граѓани, поради вашата непромисленост ќе морат да се трошат за одржување на функционалноста на овој патен правец.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со ова уште еднаш ни покажавте како не треба да се управува и менаџира, затоа на 17ти октомври, ќе бидете најстрого казнети од сопствениот народ.”

– рече Благој Миновски- носител на листата за советници на оизициската ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace