БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драматично зголемување на цената на чинење на услугите за одржување на Градската депонија во Штип во последните 3 месеци алармираат од опозицијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги прозва локалните власти и раководството на ЈП Исар во Штип за драматичното зголемување на цените на чинење на услугите за оперирање и одржување на Градската депонија во Штип.

Според Игор Ефтимов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип не само што значително е зголемен износот на чинење на услугите за чистење на депонијата туку оваа година која што е предизборна година за првпат објавуваат и дополнителни тендери поврзани со функционирањето на депонијата со што финансиите обезбедени од парите на граѓаните драматично се зголемени.

“Дали во ЈП Исар има злоупотреба на функцијата во делот на јавните набавки? 

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали за неполни 3 месеци од назначувањето на новото раководство веќе има индиции за криминал и провизии од тендери во најбогатото јавно претпријатие во нашата општина? 

Имено, во 2018 година, чистењето на депонијата изнесувало САМО 1.579.620 денари. 

Тука некаде бил износот и во наредните години, но во 2021 година, после стапување на функција на старо-новниот директор, драматично се менува ситуацијата во јавното претпријатие. 

Тендерот за чистење на депонијата, изнесува 2.548.800 денари, или за милион денари повеќе од претходните години.  

Но, Исар за прв пат објавил уште три тендери, поврзани со оперирање во депонијата:  

  • Услуги за физичко обезбедување на Депонија 
  • Уредување на Градска депонија и 
  • Набавка на средства и превентивна санација од пожари на Градска депонија. 

До сега, овие набавки го чинат Исар 5.720.640 денари, а замислете, сѐ уште не е завршен тендерот за физичко обезбедување на депонијата.”

-соопти Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace