Потребни состојки:
– 1 килограм компири
– 1 жолчка
– 1 јајце
– малку масло
– малку сол
– брашно по потреба
– џем по ваш избор
Излупете ги компирите, сварете ги и испасирајте ги. Во нив додајте ги јајцето, жолчката, маслото, солта и малку брашно колку да направите тесто. Тестото не треба да биде премногу меко. За добро да се измешаат состојките потребно е околу половина час.
Тестото што се прави подолго е секогаш повкусно и полесно за понатамошно подготвување.
Тестото направете го форма на леб и поделете го на 12 дела. Од секој дел направете форма на палачинка. Нивната големина прилагодете ја на вашата тава. На загреано масло испечете ги палачинките од двете страни.
Ќе ви биде потребно повеќе масло и додавајте го на секое превртување.
Палачинките филувајте ги со џем по избор, и посипете ги со шеќер во прав.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традиција што инспирира: 38. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“ на 15 мај во Сули ан
Нов визуелно-емотивен видео запис за песната “Идни денови” [Future Days] на Pearl Jam
Легендата за ИП Ман- учителот на Брус Ли