Постојат различни начини да кажете “Те сакам” а воопшто да не ги изговорите тие два збора. Сите на свој начин ја искажуваме нашата љубов кон некого, во многу случаеви вербалната комуникација е потешка за докажување на љубовта отколку да смислите нешто уникатно,посебно и романтично за вашата друга половина. Во зависност од вашиот стил на комуникација, можеби не сте целосно подготвени да кажете „Те сакам“. Или пак можеби сте подготвени, но едноставно тешко се изразувате , а вашата креативност е многу подобра од самите зборови. Како и да е, постојат разни начини на кои можете да изјавите љубов без да ги кажете овие зборови.

1. Испратете му порака за да му кажете дека мислите на него и дека ви недостасува.
2. Давајте му комплименти на партнерот. Кажете му колку ве привлекува, колку сте горди на него и дека тој е најдобрата личност што ја знаете.
3. Изненадете го со картичка без повод.
4. Направете резервација за вечера само за вас двајцата на некое посебно место.
5. Секоја вечер одвојувајте време само за вас двајцата за разговор.
6. Заедно испијте го утринското кафе. Без телефони, без брзање, фокусирајте се само на вас двајцата.
7. Изненадете го со еднодневно патување само за вас.
8. Дури и да се само 10 минути наутро или навечер, не заборавајте ги прегратките.
9. Изненадете го партнерот со влезници за концерт кој знаете дека ќе го воодушеви.
10. Обрнете внимание на нештата што ги спомнува и направете тајна листа. Кога ќе дојде роденден или некој празник, ќе имате совршени идеи за подарок кои партнерот ќе ги сака. Исто така со ова ќе му покажете дека навистина обрнувате внимание на него.

11. Секогаш купувајте му по некој сувенир кога патувате без него.
12. Изненадувајте го со мали подароци, нешто што ќе го потсети на вас кога ќе го види.
13. Обрнете внимание на нештата што му недостигаат на партнерот, но би му го направиле животот полесен. Потоа изненадете го со подарок.
14. Понудете да завршите неколку обврски за него.
15. Изненадете го со домашно подготвена вечера.
16. Направете му појадок.

17. Кога се чувствува лошо, понудете да помогнете со дневните задачи.
18. Изненадете го со тоа што ќе го исчистите неговиот автомобил.
20. Измасирајте го партнерот по напорниот работен ден.
21. Секогаш пречекувајте го со прегратка и бакнеж. Истото важи и кога оди негде.
22. Прегрнете го.
23. Вие бидете иницијатор да се држите за рака додека пешачите заедно.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости