БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еве зошто такси возилата се со жолта боја со црни ленти

Пренеси го гласот

Според каталонските симболи и обичаи во Шпанија, црната боја е боја на тагата а жолтата боја е боја на срамот. Во Барселона целокупната архитектура е во знакот и филозофијата на нивниот најславен архитект Ентони Гауди.

На 7 јуни 1926 година Ентони Гауди се шетал низ улиците на Барселона понесен од своите идеи за изградба на своите нови предизвици во архитектурата кои го чекале -тоа била црквата Саграда Фамилиа. Така занесен во своите мисли не го забележал трамвајот кој што му се приближувал и бил прегазен од него. Во тој период Гауди многу не обрнувал внимание на својот надворешен изглед така што изгледал запуштено.
Во време на несреќата никој од случајните минувачи не го препознал славниот архитект кој не носел ниту пари со себе. Поради запуштениот изглед и празните џебови околните таксисти не сакале да го превезат повредениот пешак до најблиската болница. Никој не го препознал славниот архитект до наредниот ден кога негови блиски пријатели го пронашле во болница за сиромашни. Кога сакале да го преместат во подобра болница Гауди ги одбил. Починал само два денови подоцна по што цела Барселона била во тага. Бил погребан во портата на самата црква која требало почне да ја гради.

Трамвајските линии во Барселона потоа засекогаш биле исфрлени од употреба а градските власти во Барселона поради срамот и тагата која го покрила овој град со сплетот на околности поврзани со смртта на славниот архитект донеле одлука сите такси возила да бидат обоени со жолта боја со црни ленти.

Креирано од:


Пренеси го гласот