Македонска Каменица, 07.04.2022 –
“И оваа година Рудникот САСА продолжува со реализацијата на долгорочниот проект за пошумување. Во најновата акција што се спроведе на 5-ти и 6-ти април засадени се нови 5000 садници од автохтони видови дрва на површина од два хектарa во околината на рудникот. Оваа акција беше реализирана во соработка со ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Камена река“ од Македонска Каменица.
„Програмата за планското пошумување е еден од долгорочните проекти за заштита на животната средина која ние во САСА со задоволство ја реализираме и во чија реализација продолжуваме да вложуваме. Со ваквите активности, покрај рекултивација на поранешните јаловишта, се врши и пошумување на околните предели, како и обнова и збогатување на постојниот шумски фонд. На ваков начин, покрај за пејсажното уредување, се придонесува и за заштита на земјиштето од ерозија и се намалуваат ризиците од појава на одрони кои се чести во овие краеви. Воедно, натамошното зголемување на шумскиот фонд придонесува и за одржување на високиот квалитет на воздухот кој е карактеристика на овој предел, како и за ублажување на последиците од климатските промени што има големо значење за одржливиот развој на заедницата и е наша долгорочна цел“, вели Ивица Талевски, директор за одржлив развој на САСА.
Ангажманот и вложувањата на САСА во овој домен ќе продолжи и во иднина преку реализација на сопствени акции за пошумување, како и со учество во заеднички проекти со институции и организации од локалната заедница.”
-соопштение упатено до јавноста од ПР службата на Рудник САСА








СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево