Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ Глинџарски Дејан Глинџаро во текот на вчерашниот ден упати свое соопштение во јавност преку социјалните мрежи. Во своето соопштение тој зборува дека некои активисти ширеле анкети и бројки кои биле правени во партиски штабови кои што според Дејан Глинџарски Глинџаро намале врска со реалноста.
„Денеска гледам како одредени активисти шират анкети и бројки направени во партиски штабови. Разбирам – тоа е нивно право. Но едно е сигурно: таквите анкети немаат врска со реалноста,”
-пишува Глинџарски на фејсбук
Наспроти овие анкети според кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на СДСМ општината Делчево била успешно водена во изминатите два мандати од актуелниот градоначалник Горан Трајковски од СДСМ.
“Реалноста е дека нашата општина веќе два мандати се води успешно. Заедно со актуелниот градоначалник направивме повеќе проекти и инвестиции отколку сите пред нас. Тоа го гледа секој граѓанин – и тоа е најголемата анкета,”
-вели кандидатот Дејан Глинџарски Глинџаро и продолжува да го критикува работењето на ВМРО-ДПМНЕ од пред 8 години:
“Пред нас, ВМРО-ДПМНЕ ја водеше општината два мандати Резултатот? Немаат што да покажат.
Јас имам чест да ја продолжам оваа успешна приказна и да ја надградам со нови капитални проекти за Делчево.
Вистинската анкета ќе ја дадат граѓаните на избори – а таму бројките се единствените што важат,“
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Делчево Дејан Глинџарски Глинџаро.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Нов динамичен концепт за развој на туризмот во Делчево: Градоначалникот Гоцевски најави формирање на Совет за развој на туризмот
„Шпански денови на вкусот“ – кочански ориз зготвен по шпански рецепти
16 годишник од Кочани со мотоцикл удрил во 74 годишна жена