БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Големото „MO“

Пренеси го гласот

Првиот круг од претседателските избори во Македонија заврши и, ако се суди според коментарите од набљудувачите, разговорите со пријателите и следењето на медиумскиот пејзаж, се чини дека не само што ВМРО-ДПМНЕ победи, туку Македонците се охрабрени и возбудени од исходот Ова и дава на партијата, и на оние кои ги поддржуваат, големо „МО“, односно „моментум“ – иницијатива.

Гласачите на Гордана Силјановска – Давкова рекоа дека ни се потребни промени, потребен ни е вистински лидер, и потребен ни е некој што ќе зборува во име на Македонците, штитејќи ги нивните интереси. Таа го победи актуелниот претседател Стево Пендаровски, со два спрема еден.

Сите знаеме дека силата на претседателот во Македонија е ограничена. Поради ова, лицето кое ја зазема позицијата има единствена можност да ја искористи за да ги инспирира луѓето. Додека Стево цело време зборуваше за „европската ориентација“ на Македонија, Гордана зборува за нешто поблиску до умовите – и срцата – на повеќето Македонци – а тоа е гордоста на Македонија, гордоста што доаѓа од тоа да си Македонец, за потребата да се врати малку храброст и надеж, како и желбата кај Македонците едноставно да бидат признати за тоа што се – Македонците кои се Европејци.

Што е делумно и причината зошто кампањата на Стево не успеа: Македонците знаат дека се „европски“ и тие исто така знаат дека процесот на зачленување во Европската Унија е од почеток наместен против Македонците, само затоа што се Македонци. Затоа во свеста на Македонците како поважни се наметнуваат други прашања – гордост во својот идентитет, јазик, историја и многу повеќе.

Македонците многу добро знаат дека, да, животот е тежок и мачен, но тие ќе се снајдат – со или без Европската Унија. Но, да го загубиш идентитетот? Да се ​​избрише историјата? Да исчезне еден култура и јазик? Тоа е нешто од што Македонците нема да се откажат, дури и ако политичарите и некои неизбрани бирократи – потпомогнати и поттикнати од политичари од САД и ЕУ и тамошните неизбрани бирократи – го бараат тоа.

Сега има многу добри шанси Гордана да го добие претседателското место во вториот круг. И не само тоа, но има добри шанси ВМРО-ДПМНЕ да освои уште повеќе пратенички места во Собранието бидејќи Македонците се возбудени и имаат голема МО.

Еве уште една причина: Владата на ДУИ/СДСМ, а и Стево, цело време зборуваат за „европската ориентација“ на Македонија. Повторно, Македонците знаат дека се Европејци, но тие исто така знаат дека процесот на зачленување во ЕУ е наместен против Македонците. Но она што ДУИ/СДСМ не го кажуваат – и нема ни да го спомнат – се неконтролираниот криминал и корупција со кои се соочуваат Македонците, а за кои се одговорни тие самите – ДУИ/СДСМ. Тие зборуваат за

bregalnickimarketing

„Европската ориентација“ на Македонија како тоа да е единствениот лек за многуте проблеми со кои се соочуваат Македонците, кои овие две партии ги создадоа. Тие зборуваат за „европската ориентација“ на Македонија како божем ако ја формираат следната влада, ќе ја направат Македонија членка на ЕУ, а Македонците ќе зачекорат низ сончевите полјани на благосостојбата и мирот. Освен што Македонците знаат дека ова не може да биде вистина.

Целиот текст на: Macedonian Content Farmers Podcast

Креирано од:


Пренеси го гласот