Денеска на прес конференција Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упати благодарност го граѓаните за укажаната поддршка на првиот круг од Претседателските избори кои што се одржаа во недела.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Горанчо Тодоровски:
Почитувани сограѓани, Браќа и сестри
Во битката Македонија против Северна, Македонија против заканите и уцените, Македонија против поткупот и корупцијата и Македонија против неправдата, победник е Македонија.
Од денес со Ваша поддршка и помош Македонија има нова реалност.
Правдата доаѓа, власта е делегитимирана. Народот така одлучи и така ќе биде.
Во име на победничкиот тим на идниот Претседател на Република Македонија, Ви се заблагодарувам на сите Вас кои ја дадовте Вашата поддршка на нашиот кандидат Професорката Гордана Сиљановска Давкова.
Ја цениме и почитуваме Вашата одлучност, Вашиот непокор, Вашата храброст.
За конечна поддршка неопходна ни е поддршка и во вториот круг.
Ајде сите заедно, одлучно, храбро, обединети да ја срушиме марионетски наметнатата власт и нивниот кандидат.
На 5-ти Мај не бираме само претседател, на 5-ти Мај бираме надеж и иднина.
На 5-ти Мај бираме слобода за уставобранителите, на 5-ти Мај бираме како ќе живееме понатаму.
На 5-ти Мај бираме како ќе живеат нашите поколенија.
Да живее Република Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ, да сте ми живи и здрави.
Ви благодарам.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип