Градоначалникот на општина Берово Петар Ружински заедно со општинската администрација во ЕЛС Берово се во постапка за креирање на Буџетот на општината за наредната 2026 година. Согласно неговите програмски определби и потребата на жителите на Берово за ефикасна имплементација на встински и реален развој на општина Берово, Градоначалникот Ружински спроведува Буџетски форим преку кој што сите граѓани на општина Берово може да земат учество во креирањето на буџетот з наредната година.
“Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции и организации, во пријатна и конструктивна атмосфера, денеска во Берово, се одржа првата форумска сесија и започна процесот на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026 година.
Се обратив пред присутните и ја истакнав важноста на ваквите средби, како можност за заедничко креирање решенија и политики на локално ниво и им се заблагодарив за присуствотот и одвоеното време.
Граѓаните активно учествуваа во дискусијата и предложија голем број идеи и проекти, насочени кон подобрување на инфраструктурата, уредувањето на јавните простори, развојот на културата, спортот и социјалните услуги, унапредување на системот за противпожарна заштита и слично.
Секој предлог беше внимателно забележан и ќе биде разгледан од страна на работно тело, кое е формирано за да ги разгледа предлозите и да ја утврди можноста на реализација, во периодот измеѓу двете сесии, после што секој проект, кој нема пречки за реализација, ќе биде ставен во соодветната програма за работа во 2026 година.
Оваа форумска сесија претставува значаен чекор кон поголема транспарентност и партнерство помеѓу локалната самоуправа и граѓаните.
Продолжуваме да го поттикнуваме активното учество на сите жители, со цел заеднички да создадеме подобра и пофункционална заедница.
Програмата „Форуми во заедницата“ е проект, што обезбедува партиципативна платформа за развој, чија цел е промовирање и унапредување на доброто владеење и демократија на локално ниво, преку давање поддршка на локалните власти и администрацијата, во зголемувањето на нивната транспарентност и отчетност кон заедницата, и овозможување активно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.”
-стои во соопштението упатено во јавност од страна на Градоначалникот на Берово Петар Ружински.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Традицијата на боречкиот спорт во Карбинци има убава перспектива
Физички напад во угостителски објект во Штип
Расчистен запуштениот простор околу поранешниот хотел „Турист“