Откако пред неколку денови градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски на своја прес конференција ја најави кампањата “СЕ БОРИМЕ ЗА ПОЧИСТ ДОМ: ДЕЛЧЕВО СО НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА ОТПАД”, на голем број локации низ градот Делчево веќе се спроведуваат интензивни оперативни зафати со расположива механизација
Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.
Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот кој беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани.
Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја надгледува реализацијата на кампањата.
-Оваа кампања ја спроведуваме врз основа на итната и неодложна потреба да се исчистат депониите коишто веќе подолг период наназад гледаме дека се присутни низ цела Општина Длечево, а за кои граѓаните на Делчево и, речиси, сите населени места со право реагираат, нагласи Гоцевски.
Акцијата за расчистување од диворастечки растенија и отпад ќе продолжи на јавните површини по должината на целиот булевар, тротоарите до Агенцијата за вработување, но и до бензиската пумпа на излезот кон Берово. Воедно, се апелира до граѓаните кои се сопственици на имот покрај тротоарите на транзитниот булевар да ги отстранат диворастечките растенија и сувите дрва, бидејќи тие не само што го отежнуваат движењето по тротоарите, претставуваат и опасност за пешаците.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник