Пратенкот во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки денеска како предводник на парламентарна делегација положи букет со свежо цвеќе и се поклони пред ликот и делото на гробот на вториот Македонски претседател Борис Трајковски.
Ковачки исто така со своја порака во јавноста искажа почит кон ликот и делото на Вториот Македонски премиер во суверена и независна Република Македонија Борис Трајковски.
“Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски.
Неговата посветеност на мирот, дијалогот и меѓусебното разбирање останува трајна вредност и потсетник дека единството и човечноста се темел на секое општество.
Борис Трајковски веруваше во Македонија како земја на соживот, надеж и европска иднина.
Вечна му слава на големиот човек со големо срце.”
Напиша на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за проневера во службата во ФФМ
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Присуство на висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ген-секот Драган Ковачки на конференција посветена на иднината на Македонија