БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Лозово со честитка за денешниот празник: Стремежите за слобода и правда на татковината се најсилни!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

По повод Денот на независноста на Република Македонија 8 Септември Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски упати своја честитка до сите граѓани на општина Лозово како и сите Македонци каде и да се.

“Денес е денот кога пред многу години граѓаните на Република Македонија масовно излегоа и гласаа за сопствена независна држава.

Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8 Септември 1991 година, датум кој покрај трите историски Илиндени засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Нашата генерација со векови го живее сонот на бројни македонски дејци и херои. Сон кој истовремено е и аманет за нашата и за идните генерации да продолжиме да ја градиме Република Македонија како стабилна и просперитетна држава.

Уште на самите почетоци беа оспорувани нашите одбележја, нашата химна, знаме, име, валута, армија полиција, беше оспорувана способноста Македонија да биде самостојна одржлива држава. Не ги оспоруваа само некои од земјите од соседството, туку и некои од нашите сограѓани кои во тие историски моменти не влегоа со целото срце во битката за независност.

Низ годините покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава.

Ги демантиравме сите оние кои не веруваа во идејата за независна Македонија.

Без оглед на сите предизвици со кои се соочи и со кои се соочува, Република Македонија од нив секогаш излегува посилна и пообединета.

Така ќе биде и сега и во времето кое доаѓа.

Тоа е нашиот завет, тоа е нашата борба.

И таа борба, борбата за Македонија, нема никогаш да престане.

Овој 8 Септември посакувам да биде дополнителен мотив заеднички и обединети да ги пребродиме и овие предизвици пред кои сме исправени. Но и да биде потсетување на светата обврска која ја имаме и кон оние пред нас и кон оние кои доаѓаат, да бидеме обединети во националните интереси и да го чуваме идеалот за независна Македонија…

Овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува.

Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува.

На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледаше како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти.

Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата.

Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето.

Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото.

Но на нас останува да се бориме!

Стремежите за слобода и правда на татковината се најсилни! Да негуваме вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба!

#ДаЖивееРепубликаМакедонија🇲🇰

#НикогашСеверна

#СекогашМакедонија🇲🇰

-соопшти преку фејсбук Бошко Цветковски- Градоначалник на општина Лозово.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace