Од поодамна жителите на село Аргулица не биле сведоци на интензивна градежна офанзива со која што локалните власти обезбедуваат подобри услови за живеење за сите граѓани.
Денеска во посета на село Аргулица беше градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов кој што имаше можност да поразговара со жителите на селото за нивното секојдневие и предизвици. Денеска во селото Аргулица се асфалтира нова улица која што градоначалникот паунов ја вети лани на граѓаните а еве денес го реализираше своето ветување.
“Нов асфалт доби улица во с.Аргулица. Продолжува тенденцијата за асфалтирање на локални улици во Општина Карбинци.
Дадениот збор се исполнува.
“
-соопшти накратко во оваа прилика градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Пролетта започнува со музика
Верските обреди во Кочани по повод годишнината од трагичниот пожар – со највисоките црковни великодостојници
Најавени бројни гости и делегации – градоначалникот на Кочани апелира во претстојните денови жителите да се воздржат од користење автомобили