Во пресрет на одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар, Кочани очекува бројни гости, делегации и посетители од државата и од странство, кои ќе дојдат да им оддадат почит на жртвите и да ја споделат болката и сеќавањето со локалната заедница.
На прес-конференцијата што ја одржаа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината, беше упатен апел до жителите на Кочани да придонесат во одржувањето на сообраќајниот ред низ кочанските улици.
– Најавени се гости од клинички центри, воени академии и болници од повеќе држави коишто помогнаа во лекувањето на повредените во трагичниот пожар во „Пулс“. Со цел да обезбедиме достоинствено и непречено одбележување на овој ден, ги повикувам жителите на Кочани, колку што е можно, да ги остават автомобилите и низ градот да се движат пеш или со велосипеди. На тој начин сите заедно ќе придонесеме за подобар сообраќаен ред, поголема безбедност и полесно движење на сите посетители – повика градоначалникот Грозданов.Градоначалникот повика граѓаните навремено да ги повлечат своите возила од паркинзите долж улиците, со цел екипите на КЈП „Водовод“ непречено и темелно да извршат миење на градските сообраќајници.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево