Денес се одржа настан посветен на зајакнување на меѓуопштинската соработка (IMC) во Северна Македонија, во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка од СИГМА/ОЕЦД и во присуство на претставници од Владата, ЗЕЛС и општините.
На настанот се обрати и првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, кој истакна дека силната локална самоуправа е клучен предуслов за успешна европска интеграција.
„Реформите не се случуваат само на централно ниво. Тие се спроведуваат во општините, таму каде што граѓаните најдиректно ги чувствуваат ефектите од јавните политики. Зајакнувањето на меѓуопштинската соработка значи поголема ефикасност, подобри услуги и зголемена способност за користење на европските фондови“, нагласи министерот Сали.
Во рамки на настанот беа презентирани активностите на Министерството за локална самоуправа за унапредување на IMC, како и добри практики од регионот и од земји-членки на ЕУ. Претставен беше и успешен пример на меѓуопштинска соработка од Северна Македонија.
Владата останува посветена на реформите во јавната администрација и јакнењето на капацитетите на локалната власт како дел од процесот на преговори со Европската Унија.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад