На денешен ден 10 август во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора во кукавички напад со нагазни мини загинуваат осум припадници на резервниот армиско состав на АРМ кои што дејствуваа во одбрана на татковината против терористичките формации на ОНА.
Македонските херои кои што налетаа на терористички мини во атарот на село Љуботен се:
- Томе Бадаревски († 33) од Скопје
- Марјанчо Бошковски († 28) од Волково, Скопско
- Томе Димовски († 37) од Скопје
- Ивица Златевски († 24) од Скопје
- Бранко Јанев († 36) од Скопје
- Раде Јанковски († 32) од Волково, Скопско
- Томислав Настевски († 27) од Ѓорче Петров, Скопје
- Гоце Чанкуловски († 39) од скопско Љубанци
– Марјанчо имал кус дијалог со лекарот.
„Докторе, однесете ме дома. Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам.
Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија”.
Постојат шпекулации дека терористичкиот чин бил организиран од страна на Џавит Асани – лидер на помала терористичка група на ОНА, а истите имале и логистичка поддршка од локалното цивилно население во селото Љуботен коишто им го дале точното време и правец на движење на македонските безбедносни сили тој ден.
Томе Димовски кажувал дека им е тешко, бидејќи на позиции биле по двајца, а терористите постојано ги провоцирале. Дури и пукале кон нив.
Велел дека им е забрането да пукаат. Објаснувал дека за секој испукан куршум армијата ќе им наплатела по три марки казна.
Загинатите бранители на Македонија ќе останат како светол пример за сегашните и идни генерации Македонци за чување и бранење на слободата на Македонија кои што овие маченици со својата крв најскапо ја платија. Нека им е вечна слава!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун