Денеска МВР објави оглас за вработување на нови 600 полицајци во повеќе градови низ државата.
“Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти.”
-информираат од МВР при што потенцираат дека:
“…за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, во Секторот за внатрешни работи Охрид се отворени места за 100 извршители, прием за 30 извршители е овозможен во Секторот за внатрешни работи Тетово, по 20 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Куманово, Штип, во Одделот за заштита на определени личности и објекти, како и во Регионалните центри за гранични работи Север и Запад. По 15 извршители се бараат во секторите за внатрешни работи Битола и Велес, а по 10 извршители во регионалните центри за гранични работи Исток и Југ.”
Овој оглас доаѓа во период на предизборна година кога сите анкети говорат дека владеачката коалиција на СДСМ и ДУИ се во сериозен пад во рејтингот наспроти високата поддршка на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ.
Огласот на МВР на својата фејсбук страна го пренесе и Министерот Оливер Спасовски веројатно за сопствена себепромоција во обид да прибере некој политички поен за себе.
Не е непозната праксата во минатото вработувања во јавните сектори на државата да оди преку списоци во штабовите на партиите на власт особено во период пред избори што е основна рак рана на оваа држава во која се врши брутална партизација на штета на квалитетните кадри кои што досега ја имаат напуштено Македонија. Дали ваквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период, останува да видиме.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија