БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Хелен Мирен – живејте го животот без грижи

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Британската неверојатна актерка Хелен Мирен блеска во секоја смисла на зборот. И на нејзините години таа изгледа совршено , но исто така плени со нејзината мудрост и креативност. Таа смета дека една жена мора да има достоинство и самоувереност, да нема страв , да зборува за нејзиното мислење и ставови јасно и гласно. Хелен Мирен и дел од нејзините совети:

„Сега кога имам 70 години, помладата јас би ја советувала почесто да кажува ’Не’.“

„И понатаму го имам она номадско чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во истиот кревет повеќе од три или четири месеци сиот мој живот. Секогаш садам зеленчук чии плодови никогаш не стигнувам да ги изедам и цвеќе кое никогаш не можам да видам како цвета. Отсекогаш сум се селела по целиот свет.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Сета таа опсесија со облеката е луда. Можете да потрошите долар на јакна во некој мал бутик и можете да потрошите илјада долари на јакна во брендирана продавница. Ако ги видите овие две јакни како шетаат по улица, најверојатно никогаш не би знаеле која од каде е купена.“

„Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, а немам, првата работа на која ќе ја научам мојата ќерка ќе биде зборот ’Не’.“

„Најтешкиот период во животот се 20-тите години. Тоа е голема штета бидејќи тогаш сте најубави физички и имате најдобра кондиција. Но, тоа е исто така периодот кога имате најмала самодоверба и постојано се сомневате во себе. Страшно е тоа кога не знаете што ќе се случи.“

„Јас сум тип на личност која се облекува во продавница за половна облека, но отвора шише шампањ.“

„Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат да се изјаснат како такви, но ако се вратите 40 години наназад и ја прашате која било жена ’Дали ова е светот во кој би сакала да живееш?’, таа би ви рекла ’Не’.“

„Чудно е тоа што ви станува сѐ попријатно во сопствената кожа, дури и тогаш кога времето ви дава сѐ помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, истовремено сте и параноични и тажни. Мислам дека најголемата предност на стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.“

„Моите 40-ти беа добри. 50-тите сјајни. 60-тите фантастични, а 70-тите се проклето феноменални.“

„Целиот мој живот гледав 16-годишни девојчиња како си ја продаваат убавината. Токму затоа мислам дека е неверојатно тоа што сега жени на возраст од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace