Четири години непребол и сеќавање за хероите од МВР кои ги положија животите во Диво Насеље. Да се потсетиме на оние поради кои ја живееме слободата, и на нивната жртва за нашата Македонија. Нивното дело е поголемо од секоја злоупотреба за политички цели која ја прави денешната власт, ветувања, мистификации, и манипулации. Времето е најдобар доказ за се. Едноставно 8-те херои и оние кои тој мај учествуваа и ја одбранија слободата се вградија во незаборавот. Македонија ја сака слободата. И се бореше во својата историја секогаш за слобода и правда. Денес е и 74 години од победата над фашизмот и 69 години од создавањето на Шумановата декларација, врз која почива Европската Унија. А што е ЕУ ако не стандарди, вредности и принципи кои за жал денес со оваа власт сме се подалеку од нив. Две години, а ниту еден успех на тој план. Европската иднина е наша цел, но за тоа треба работа, многу работа, и пожртвуваност. Едноставно имаме работа со луѓе од власта полни со зборови за ЕУ, но празни со дела. Бидејќи нема ЕУ без стандарди, ерозија на моралот, и без вредности.
На денешен ден секогаш се присетуваме на жртвите кои паднаа за слободата. А слободата и правдата се идеи за кои вреди да се бориш, а Македонците се борат за своите правдини.
Слава им на хероите кои се бореа за слободата на Македонија!
-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод убиството на осумината припадници на безбедносните сили на 9-ти мај во Диво Насеље во Куманово.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ