Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на денешниот ден беше во посета на повредените од вчерашната сообраќајна несреќа.
Тој на повредените им посака брзо закрепнување а на нивните најблиски силна волја и надеж и утеха.
Штотуку бев во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа во Градската општа болница 8-ми Септември.
Им посакав побрзо закрепнување и враќање во секојдневниот живот кај нивните најблиски, силна волја, утеха и надеж, нашите молитви се со нив.
Македонија е во црно поради страшната несреќа.
Голема е тагата за оние кои ги загубија животите. Слава им.
Бог да е со нивните семејства во овие тешки мигови.
-напиша Христијан Мицкоски на фејсбук по тој повод.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm и „Матрона“ со нова бесплатна онлајн обука на тема „Ран моторен развој кај децата: практични совети од ортопед“
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта