„Видот му ослабел од глад и престанал да пишува… Пред очите му прскале гранчиња искри и веќе се откажал да бара и парчиња весници по улиците за да дознае што се случува во светот. Му пленија се`, душата, честа, името, семејството, но мислите му останаа негибнати. Тие мисли го избавиле од сите мракови“,
-напиша Иван Чаповски во романот „Отровот на тамарискот“.
Двапати осуден на смрт, преживеал и турски и бугарски затвор, а пострадал од своите Македонци. Човекот кој од млад анархист и солунски атентатор, прерасна во бриселски докторант и прв министер за правосудство на независна Македонија.
„Така, отфрлен од општеството за кое го беше потрошил сето свое битие, згасна животот на големиот револуционер, родољуб и разузнавач Павел Шатев.
Погребан е онака како што се стремеа ’гемиџиите‘ да исчезнат од светот“ – 73 години од смртта на Павел Шатев…
Бог да го прости…
ПАВЕЛ ШАТЕВ – ЧОВЕКОТ КОЈ СЕ ПОАРЧИ ЗА МАКЕДОНИЈА.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев
Свети Николе наголемо се подготвува за чествувањето на патронот на градот “Св. Николај”
Фолклорната магија на Ансамбл “Македонија” предизвика стоечки овации на публиката во Делчево