БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски- втор ден министер од ВМРО-ДПМНЕ и почнаа апсењата во Онкологија

Пренеси го гласот

Поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија и двајца вработени, од кои една медицинска сестра се приведени денеска во врска со скалндалот на Онкологија, кој минатата година ја разбранува јавноста. Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми.

Ова денеска во изјава за медиумите го изнесоа директорката на Клиниката Виолета Клисаровска и организациски директор, Халид Матоши.

Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен. Претходно од Јавното обвинителство потврдија за МИА дека претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали најавија во текот на денот, иако некои дел од медиумите излегоа со иницијалите на приведените, па дури и со името на поранешниот директор Нино Васев.

-Од тука тројца се земени. Поранешниот директор и двајца вработени. Секретарката не се појави на работа денеска, може е земена од некаде, исклучен и е телефонот, изјави Матоши на прашањето за колку лица имало налози.

Клисаровска со уверување дека Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија работи и функционира нормално.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот