Во своето прво интервју на првиот работен ден откако стапи на функцијата Министер за внатрешни работи Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за повеќе актуелни прашања, за изборот на техничката влада како и предизвиците со кои ќе се соочува во рамки на самото министерство.
Во однос на процесот за номинирање и избор на Талат Џафери за премиер на техничката влада, Тошковски истакна дека тоа е нелегитимен и незаконски избор што се коси со неговите лични определби за правда и законитост во работењето во рамки на неговиот ресор.
“Премиерот на начинот кој што беше процесиран целокупниот овој процес е нелегитимен заради тоа што не ја ужива поддршката на граѓаните на начин кој што е дефинирана согласно закон и второ е нелегален заради тоа што не е предложен согласно одредбите на законот за влада. Во рамки на моето работење ќе ги превземам согласно закон сите оние чекори кои што треба да бидат превземени… Од мене сите граѓани на Република Македонија треба да очекуваат однос каде што јас ќе работам согласно устав, согласно закон, во интерес и пред се согласно приоритетите на граѓаните на Република МАкедонија. Што би значело тоа? Доколку е приоритет да присуствувам на седница на влада, да, ќе присуствувам. Доколку приоритед да го менаирам работењето на МВР во рамки на оваа институција, ќе го менаџирам овде. Доколку е приоритет да излезам на терен и да бидам помеѓу луѓето, ќе бидам на терен. Се што е од приоритет во интерес на граѓаните ќе го спроведувам.”
-рече Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на своето интервју за емисијата 360 Степени на МТВ.
Претходно во текот на неговиот прв работен ден министерот Тошковски изврши примопредавање на функцијата од неговиот претходник Оливер Спасовски од СДСМ.
Целото интервју на Министерот Тошковски може да го погледнете во видеото во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сеопштественото делување клучно во справувањето со странското мешање и манипулирање со информациите
Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР.
Клековски: Силно лидерство во болницата во Кочани!