БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владимир Ѓорчев: Источна Македонија ставена на црна листа од Владата на Зоран Заев

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната комисиска расправа во Собранието на Република Македонија, Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев изнесе алармантни политички ставови кои се однесуваат директно на жителите на цела Источна МАкедонија.

Со жалење можеме да констатираме дека со оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, Источна Македонија, кога станува збор за проекти и дела е буквално ставена на црна листа. Ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покрие тоталната неспособност, дебакл и фијасно на градоначалникот Петре Шилегов,

-изјави Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ништо не е предвидено ниту да се работи во Западна Македонија во делот на Гостивар кој што исто така е ставен на црна листа во Тетово и тетовско одбиени се нашите амандмани за Дебар и дебарско. Одбиени се нашите амандмани за Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај. Одбиение се нашите амандмани за Повардарието и за цела низа општини во тој дел,

-рече Ѓорчев и додаде:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Уште еднаш со жалење можам да констатирам дека во наредната 2019 година кога оваа Влада ќе потроши најмногу пари и најмногу средства исцедени од граѓаните на Република Македонија во историјата, ништо нема да се направи, ниту во Источна Македонија, ниту во Скопје каде што го имаме најлошиот градоначалник во историјата на Скопје, Петре Шилегов. Огромни средства се трошат, нашите амандмани се одбиваат, а станува збор за издржани проекти поддржани од граѓаните, а во исто време целата економија е во надолна линија и не се реалзиираат проекти“.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace