Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.
Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин.
Имајќи ја предвид тежината на делото и ризикот од бегство и од повторување на делото, но и фактот дека осомничената е мајка на малолетни деца, од кои едно 5-месечно бебе, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026
dm drogerie markt доби награда за општествена одговорност за платформата „Иднина која инспирира“ на настанот на „Убавина и здравје“