БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Иван Гоцевски: Од денес гласот на делчевчани има нов штаб- Отвораме “Граѓански центар” за сите граѓани

Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” преку социјалните мрежи ги повика сите граѓани на Делчево без разлика на нивната политичка, верска, возрасна или било каква определба вечерва да се придружат заедно на настан за отворање на нов “Граѓански центар” во срцето на Делчево.

“Од денеска воведуваме нов институт за развој на граѓанската демократија во Делчево!

Горд сум што со мојот тим успеавме да реализираме една дамнешна визија за отварање на вистински граѓански штаб посветен само и единствено на сите граѓани на Делчево.

Денес во центарот на градот отвараме #ГраѓанскиЦентар каде секој граѓанин е добредојден да остави свој личен белег за развојот на нашето Делчево. И не само тоа:
-секоја #идеја,
-секоја #иницијатива
-секој #проблем
-сечиј #глас

Ќе добие своја институционална трага за времето во кое живееме и твориме за Делчево…

-Денеска со почеток во 19.00 часот на II кат во зелената зграда во срцето на Делчево.
Од 20-ти октомври во просториите на Општина Делчево!

Ги враќаме локалните институции на делчевчани.
Нема веќе приемни денови по кафеани!
Нема веќе затворени врати во ЕЛС Делчево!
Нема веќе “катанци” на фиоките во прашливите бироа на администрацијата!
Нема веќе криење зад паравани и институционални невидливи бариери со “бесмртни” проблеми кои траат цел живот.
ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА!
СЕКОЈ ДЕЛЧЕВЕЦ Е БИТЕН!

#ВистинскиотИзбор започнува денес!!!
Јас и мојот тим ќе бидеме таму за сите кои имаат потреба нивниот глас да бидат слушнат а нивните потреби да бидат исполнети.

СИТЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ ВО РАЗВОЈОТ НА ДЕЛЧЕВО.

Ве очекуваме.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- досегашен советник во Советот на Општина Делчево кој што во изминатите 4 години жестоко се спротивставуваше и го креваше гласот против недемократските појави во општина Делчево практикувани од актуелниот Градоначалник Горан Трајковски од редовите на СДСМ. Станува збор за голем број недемократски појави кои гравитираат од затвореност на општината за медиумите, пристапот и решавањето на проблемите на граѓаните како и целосната постапка за креирање на годишниот Буџет за работа на општина Делчево, каде што приоритетите и проблемите на граѓаните беа на последно скалило за реализација од кои што голем број се уште ги тиштат граѓаните.

Од тимот на Иван Гоцевски кој што во изминатиот период работеа на програмата за наредниот 4 годишен мандат голем обем е посветен на развојот на вистински демократски капацитети на општина Делчево чија суштинска причина за постоење се граѓаните на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот