Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНе од Штип, Иван Јорданов денеска со своја изјава ги обвини СДСМ дека постапуваат лицемерно со своите постапки во кои одедна страна полагаат свеќиња пред паднати борци од НОБ од една страна, а од друга страна се одречувата од АСНОМ преку негово бришење од Преамбулата во Уставот.
Во продолжение во целост ја пренесуваме изјавата на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ:
Денеска одбележуваме 75 години од убиството на Вита Поп Јорданова една од најистакнатите дејци и борци на Народно ослободителната борба на македонскиот народ.
Морам да истакнам дека крајно лицимерно е што претставниците на СДСМ, денес одбележувајќи го овој ден, почитувајќи го делото на Вита Поп Јорданова како и на другите дејци и борци од Народно ослободителната борба лицимерно овде пред јавноста ги почитуваат и чествуваат а во исто време во собраниска процедура се одрекуваат од АСНОМ, од борците од Народно ослободителната борба со самата промена на Преамбулата на Уставот, притоа вметнувајќи го Рамковниот договор.
Со ова уште еднаш се потврдува лицимерната и погубната политика на СДСМ.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево