БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Излезе новиот трет студиски албум на скопскиот пост-поп-панк бенд “21 Век: Си нацртав живот”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на нашата читателска публика имаме можност да го претставиме новиот трет студиски албум на скопскиот бенд “21 Век” насловен како “Си нацртав живот”.

Васко, Дени и Раде си го “фураат” својот музички наратив таков како што го зацртаа уште со првото нивно издание насловено како и самиот бенд кој започна како проект а прерасна во една супер интересна еклектична долготрајна приказна од чија љубов се роди нивното трето целовечерно музичко издание.

Албумот се состои од 8 музички целини кои заедно го даваат мирисот на звукот на луѓето кои преживуваат и покрај се што се случува во овој испобркан свет и реалност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лириката повторно крепи делчиња од мозаикот на субверзивната потсвест на нејзиниот автор кој како да сака илузорните пејсажни слики да ги претвори во репрезентативна реалност која навистина вреди да се доживее. Ваквото посегнување во длабочината на сопствената свесност или потсвесност од страна на авторите како на зборовните целини така и на звучните партитури е нешто што навистина му фали на современиот Македонски и Балкански музички израз на креација и себеспознавање. А момците од 21 Век тоа најубаво го прават со што на целокупната музичка сцена и’ даваат целосно нов и ведар музички дух и занес.

Албумот “Си нацртав живот” подолго време се крчкаше низ каналите на музичките миксети, појачала и останата опрема која бендот ја има опседнато за време на снимањето на песните содржани во ова музичко дело во текот на 2020 и оваа 2021 година.

Пред објавата на албумот претходеше објава на хит-синглот “Ужасно ми фалиш”:

како и синглот “Сама види си”

Албумот „Си нацртав живот“ на 21 Век е публикуван под боите на Пасворд продакшн и е застапен на поголемите дигитални музички платформи .

ПС. Заборавивме да спомнеме дека со овој албум бендот на најубав начин го честита денешниот ден на независноста и независните.

Креирано од:


Пренеси го гласот