БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Каде завршуваат парите на земјоделците и како од стопанственици се донесени на питачки стап- Прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поради алармантната состојба со земјоделците во Кочани но и во поширокиот регион, исклучувањето на струјата на подружницата на Водостопанство- Брегалница во Кочани и редица други проблеми во “режија” на актуелната власт бо владата денеска на прес конференција од Општинаскиот Комитет на ВМРО0ДПМНЕ во јавноста се обрати потпретседателот Гоце Марков.

“Каде завршуваат парите на земјоделците и како од стопанственици се донесени на питачки стап

Водостопанската подружница ,,Брегалница” и подружницата ,,Тиквеш” се со највисока наплата од 12 – те подружници во Р. Македонија и нејасно е како може да биде исклучена електричната енергија на оваа наша подружница?! Според ревизорските извештаи, Водостпанството учествува во плати со 80% и 20% дава за режиски трошоци, а НЕМА финансиски средства за основната дејност, како санација на дефекти, канали, каналетки, чистење цевки итн… Гледаме дека немаат пари за плати за вработените, а со исклучувањето на електричната енергија, гледаме исто, дека не се плаќани НИТУ режиските трошоци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ТОГАШ, КАДЕ СЕ ПАРИТЕ??

Затоа упатуваме ПОВИК до Владата на Р.Македонија, ако имало финансии кои на најчуден начин ја вратија струјата во Арачиново, доделени се плус финансиски средства за канализациона мрежа, ТОГАШ, да се обезбедат средства за санација на каналите, системот кој се распаѓа, и да се реши проблемот со електричната енергија, ако навистина е проблем на оваа подружница?! А Јавното Обвинителство пак, да утврди кој, и како ги троши парите на земјоделците кои се борат за гола егзистенција?! Бидејќи Основната дејност на Водостопанството, освен наводнувањето е регулација на речните корита и заштита од поплави се поставува прашањето како во овие услови ќе продолжи функционирањето на ова претпријатие?!

За илустрација и наполнување на ваквата слика во секторот земјоделие е и самата изјава на В.Д. Раководителот на водостопанската подружница ,,Брегалница”: ,,Само годинава наплатата на сметките за користење на нашите услуги е реализирана над 90% и парите се уплатени на заедничката сметка на претпријатието, така што, нејасно е зошто не се платени трошоците за струја!?” Каде завршуваат парите на земјоделците?

-праша јавно Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани Гоце Марков на денешната прес конференција.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace