БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Комисијата за “северџанизација” на државата кеширала скоро пола милион евра само за плати, а јавноста не знае што точно работеле

Пренеси го гласот

Ниту премиерот не знае што работи комисијата за преговори со Грција – или можеби и тој крие. Димитар Ковачевски избегна директно да одговори на новинарското прашање, зошто граѓаните го плаќаат ова тело со 7000 евра секој месец, повеќе од 60 месеци.

„Во комисијата со Бугарија учествуваат исклучиво историчари. Во комисијата со Грција учествуваат и дипломати. Така што, за сите информации кои што се однесуваат на нивното работење, одговорите може да ги добите во самите комисии и во Министерството за надворешни работи“, изјави премиерот Ковачевски.

Но и покрај бројните прашања на Алфа ТВ до нив, од МНР молк. Последно, се повикале на препораката од премиерот.

„- Премиерот Ковачевски ни порача да се обратиме кај вас, за повeќе информации околу тоа, што сработи комисијата за образовни и историски прашања со Грција.
– Ве молам за повеќе информации, кога последен пат се сретнале и каде?
– По промената на таблите пред спомениците, дали има нови препораки?“ – се најновите прашања на Алфа ТВ до МНР.

Како во минатото, така и сега, одговор од МНР не добивме. Од министерството излегоа со половични податоци, само откако се повикавме на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер – на кое пак ни одговорија дека сме барале класифицирани податоци, без да образложат за степенот на класификација или да потврдат дека тоа навистина е така.

Алфа побарала одговор и лично од членовите Људмил Спасов, Ана Чупеска и Никос Чаусидис, кои пак порачаче оти информација може да сподели само претседателот на ова тело, Виктор Габер. Дипломатот Габер пак, не се одважил да одговори на дописите и телефонските јавувања од ТВ Алфа. Единствено, професорот по историја и член на преговарачкиот тим, Далибор Јовановски, порачал оти работеле многу и редовно, но, без конкретни информации за тоа, што навистина работат и за кого преговараат.

bregalnickimarketing

Сепак, обидите на МНР и Османи да ја обвијат Комисијата во тајност не им успејаа до крај. Истражувањето на Алфа ТВ откри дека во последниве пет години, 7 члениот тим за историски и образовни прашања со Грција, граѓаните го платиле скоро половина милион евра и тоа само за плати, без да се пресметаат други трошоци, како оние за пат, сместување и состаноци. Но и понатаму останува енигма, на што работат или дали воопшто работат.

Извор: Денешен.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот