БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачки: Однесувањето на Таравари е под диктат на криминалното дуо СДС и ДУИ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот Комитет на партијата Драган Ковачки упати јавно прашања до Арбен Таравари во врска со неговата одлука да ја напушти актуелната влада.

“Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ.

Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ.

За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната.

Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДС и ДУИ.

Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците.

Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети.

Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив?

Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција.”

-рече денеска на својата прес конференцина пратеникот од третата изборна единица Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace