БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Креирана нова алатка за онлајн учење за потребите на учениците и професорите при СОУ М.М. Брицо Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Здружението “Регионален центар за застапување” Делчево во изминатиот период реализираше нов интересен и иновативен проект кој е наменет за учениците и професорите од делчевската гимназија “СОУ М.М Брицо”.

Проектот се состои од воспоставување на процес за изготвување на интернет платформа со база на едукативни и информативни материјали на расположливи ресурси кои можат да им послужат на професорите и учениците во гимназијата во рамки на едукативниот процес, собрани на едно место на една интернет адреса.

“Во рамки на проектот „Дигитална писменост за иновативен пристап во учењето“ кој РЦЗ го спроведува од почетокот на годината, изработена е веб платформата во насока на подобрување на учењето на средношколците од општината. Во соработка со СОУ М.М.Брицо се организираа средби со раководството, професори и ученици при што беа идентификувани онлајн ресурсите кои средношколците најчесто ги користат како дополнителна литература. Од нив периодов се изврши селекција на најрелевантните кои се поставени на веб платформата насловена како DIGITLIT ( Digital literacy). Платформата е со посебен систем за најава на учениците и професорите преку која во дигитална форма соодветно е претставена датабазата од онлајн ресурси наменета за учениците.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Токму по нејзината изработка беше организирана јавна трибина на која истата беше презентирана , а пред присустните професори беше презентиран и начинот на кој функционира. Оваа алатка е едноставна и лесна за употреба и нуди можност професорите соодветно да ја надополнуваат.

Целта на проектот беше развивање способност кај средношколците за користење дигитални технологии како алатки за селекција, анализа и поврзување на информации од повеќе извори и нивна употреба за подобрување на ефективноста во учењето како и подигнување на свеста на локално ниво за значењето на дигиталната писменост во рамки на секојдневна употреба на информации од дигитален формат и преку дигитални уреди. Со тоа делчевската гимназија е првата која располага со ваква исклучително богата платформа која треба многу да допринесе и во наставниот процес во државата.

Проектот е финансиран од ЕУ како дел од регионалниот проект „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите“ кој во Македонија го спроведува Македонскиот институт за медиуми. Платформата може да ја разгледате на линкот во продолжение, пристапот до материјалите е единствено достапен за средношколците и професорите.”

-информираат од РЦЗ Делчево

Платформата е достапна на сл. интернет врска:

http://digilit.rcz.delcevo.org.mk/

Креирано од:


Пренеси го гласот