БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

КСС од Кичево на протест: Не за трансфер на вработените од администрацијата во приватен сектор!

Пренеси го гласот

Денеска со почеток во 12.05 во Кичево се одржа протестен собир на членовите на гранските синдикати на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Синдикалците повторно по којзнае кој пат побараа почитување на работничките права од страна на работодавачите, како и доследно спроведување на законите од областа на работничките права од страна на државата.

Нема социјална правда, но ќе има штрајк!

Има пари во Буџетот, затоа што се покачија платите на вицепремиерите и министрите во Владата на Република Македонија!

Има место во јавната администрација, затоа што секој ден си ги вработуваат нивните роднини!

Има пари за К-15, затоа што устата им е полна кога треба да се исплаќа К-15 во приватниот сектор! Бараме од нив да докажат дека се најдобриот работодавач во државата!

Покачување на платите за толкав процент колку што е покачена минималната плата од 01.01.2019 година.

СТОП за идејата од јавен во приватен сектор!

Нема да дозволиме да биде избркан ниту еден наш член!

-беа дел од пораките упатени на штрајкот на вработените во јавната администрација при КСС.

Штрајкот на Конфедерацијата на слободни синдикати ќе продолжи и во иднина во други градови од државата.

Креирано од:


Пренеси го гласот