БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ликовен конкурс на тема ”Културното наследство на Македонска Каменица” за основците и средношколците од општината

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Културно-информативниот центар”Романса”Македонска Каменица распишува: ЛИКОВЕН КОНКУРС

На тема:

”Културното наследство на Македонска Каменица”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Право на учество на Ликовниот конкурс имаат учениците од О.О.У.”Св:Кирил и Методиј” и учениците од С.О.У.”Миле Јаневски-Џингар”од Македонска Каменица.

Учениците може да учествуваат со изработка на:цртежи,слики и скулптури од .Бројот на ликовни дела за учество нее ограничен.

Најдобрите дела ке бидат наградени со вредносни ваучери:

Прва награда……..3000 денари

• Втора награда…….2000 денари и

• Трета награда……..1000 денари

Ликовните творби во шифрирана форма треба да се достават до просториите на Домот на Културата во Македонска Каменица,секој работен ден од 09.00 часот до 15.00 часот. Ликовниот конкурс ке трае од 11.04.2022 година до 21.04.2022 година.

Ликовните творби доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат. Прогласување на најдобрите ликовни дела ке биде на ден 28.04.2022 година во рамки на одбележувањето на патрониот празник на С.О.У.”Миле-Јаневски-Џингар”. Ликовните дела ке останат во просториите на КИЦ”Романса”Македонска Каменица,истите ке бидат искористени за изложби во Домот на Културата во Македонска Каменица и во Домовите за Култура во другите општини во Македонија

Извор: Културно-информативен центар”Романса” од Македонска Каменица

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace