Не би рекол дека некој граѓанин ќе остане имун на ова црно владеење на СоцијалДемократскиот Сојуз.
Дури и најтврдокорните поддржувачи на Заев.
Поточно, тие веќе го шутнаа и му дадоа црвен картон, прво затоа што ги прелажа лично нив, а потоа ги прелажа и граѓаните на Република Македонија.
Сеуште памтам како се колнеше во најмилото дека нема да чепка во Уставот, дека името нема да го менува.
Сеуште памтам дека велеше со ДУИ нема Влада, а патем во Мала Речица беше на баци рака, нешто подоцна и Стево Пендаровски, кој се појави со слоган на албански “Заедно напред”.
Тој истиот Заев, кој објавуваше снимени аудио разговори, монтирани и сечени како што нему му одговараат, буткаше економски стабилна држава, со добар просперитет и блескава иднина.
Сега, кога тие снимки му се удираат од глава, кога сам е заглавен во своите прљави алишта што ниту една центрифуга не може да ги испере, Заев мисли дека сеуште со прљави методи ќе формира Влада.
А, како што е познато, СДСМ нема победено на Парламентарни избори од 2002 година.
Овој пат, што и да понудат, нема да биде прифатено од ниту една партија.
Овој пат, сигурно е дека ниту неговите членови нема да го поддржат.
На лагата јасно е дека и се кратки нозете, а во СДСМ, лагата траеше многу кратко – 3 години.
СДСМ не е партија која знае да донесе стабилност во државата.
СДСМ не е партија која знае да спроведе економија, а притоа да бидат задоволни граѓаните.
СДСМ не е партија која се грижи за младите и за пензионерите, за припадниците на МВР и здравствените работници, за припадниците на АРМ кои ги залажува со еден пар кондури и две-три блузи.
СДСМ не е партија која знае како да се справи со кризите, ниту како да води државничка политика, притоа да ги запази црвените линии на националниот интерес.
Од сето ова, СДСМ знае само да држи пресови, па за својот неуспех постојано да им биде виновен Груевски, Мицкоски или цело ВМРО ДПМНЕ.
Наведната глава-сабја не сече.
Но, наведнатата глава, СДСМ ја задолжува со кредити од милијарди евра, наведнатата глава СДСМ ја третира како граѓанин од втор ред.
Затоа, ИСПРАВИ СЕ МАКЕДОНИЈО!
Време е за ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!!
Пишува: Мартин Ристевски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стравот посилен од науката, како дезинформациите ги одвраќаат родителите од вакцинирање
На кого му пречи силно ДПД Делчево????
Македонски фармери на содржини:„Минатото никогаш не умира. Тоа дури не е ни минато.“